8 (научни) факти кои звучат како измислени

Синиот кит е најголемиот цицач на планетата и јасно дека му требаат многу калории. Па, со еден залак, тој може да внесе дури половина милион калории.

8-nauchni-fakti-koi-zvuchat-kako-izmisleni-01.jpg

Кога добро ќе размислите, светот околу нас е навистина чудно место.

На Земјата постојат илјадници видови живи суштества, а ние не знаеме ни половина од тајните што ги кријат.

Во продолжение неколку научни факти кои сигурно ќе ви звучат како измислени:

Циркулаторниот систем е долг 100.000 километри

Вкупната должина на сите артерии, капилари и вени во телото на возрасен човек изнесува околу 100.000 километри.

8-nauchni-fakti-koi-zvuchat-kako-izmisleni-02.jpg

Државата Филипини ја сочинуваат 7.641 остров

Филипини е островска држава во Југоисточна Азија која се состои од други 7.641 остров.

А, во овој број не спаѓаат многуте мали формации кои се појавуваат за време на осека.

8-nauchni-fakti-koi-zvuchat-kako-izmisleni-03.jpg

Луѓето можат да користат мал процент од водата на Земјата

Добро познат факт е дека околу 70% од нашата планета е всушност вода.

Но, од целата оваа вода, најголемиот дел е солена, односно непогодна за пиење.

Само околу 2,5% од водата е слатка, но за луѓето е достапен околу еден процент.

Останатата слатка вода е замрзната во глечери и снег.

8-nauchni-fakti-koi-zvuchat-kako-izmisleni-04.jpg

Кикиритките не се јатки

Досега веројатно сте слушнале дека доматите не спаѓаат во категоријата зеленчук, туку овошје.

Нешто слично важи и за кикиритките.

Иако ги сметаме за јаткасти плодови, според нивната биологија, тие се всушност мешунки, како гравот и леќата.

8-nauchni-fakti-koi-zvuchat-kako-izmisleni-05.jpg

Оклопот на армадилото е отпорен на куршуми

Армадилото е навистина необично животно.

Покрај другите чудни карактеристики, она што го прави најфасцинантно е неговиот оклоп кој е отпорен на куршуми.

8-nauchni-fakti-koi-zvuchat-kako-izmisleni-06.jpg

Најдолгиот збор во англискиот јазик има над 100.000 букви

Во хемијата има навистина долги зборови бидејќи неретко хемичарите го кажуваат целиот хемиски состав на некоја супстанција.

Па така, најдолгиот збор во англискиот јазик се однесува на вид протеин и има дури 189.819 букви.

Секако, нема да го напишеме зборот овде бидејќи е предолг, но можете да го видите на Википедија.

8-nauchni-fakti-koi-zvuchat-kako-izmisleni-07.jpg

Сините китови внесуваат половина милион калории со еден залак

Синиот кит е најголемиот цицач во светот и јасно дека му се потребни многу калории за да преживее.

Во само еден залак, овие масивни животни можат да внесат дури половина милион калории

8-nauchni-fakti-koi-zvuchat-kako-izmisleni-08.jpg

Додека на Земјата живееле диносауруси, на Месечината имало активни вулкани

Повеќето вулкани на Месечината престанале да еруптираат пред околу милијарда години.

Но, според наодите на НАСА, се претпоставува дека во дел од нив имало течна лава пред околу 100 милиони години.

Ова е периодот кога на Земјата владееле диносаурусите.

8-nauchni-fakti-koi-zvuchat-kako-izmisleni-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
„Мурго и коската“ и уште 4 кратки раскази на Толстој кои носат големи мудрости Сите знаеме кој е Лав Николаевич Толстој, но дали знаете дека освен долги романи...
8 факти и верувања што покажуваат зошто луѓето со зелени очи се посебни Знаевте ли дека најмногу луѓе со зелени очи се раѓаат во Шкотска, Ирска и северн...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
15 животни мудрости од кои се водат успешните луѓе (број 8 е клучна) Велат: „Богатите луѓе планираат за три наредни генерации, сиромашните за сабота ...
Факти за човечкото тело што ги бунат и научниците Знаевте ли дека фетусот може да го забрза закрепнувањето на телото на мајката? А...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg