17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки

Направете нешто добро за некого денеска... оставете гo на мира, животот му е и онака тежок без вашите глупости.

17-demotivaciski-citati-za-lugjeto-koi-mrazat-inspirativni-poraki-01.jpg

Сигурно познавате луѓе кои се секогаш позитивни и веруваат дека инспиративните цитати ќе им донесат напредок во животот.

Можеби сте и вие едни од нив.

Но, во светот постојат и голем број луѓе кои не веруваат во инпиративните пораки.

Токму за нив подготвивме 15 демотивациски цитати:

1. Не се откажувајте од своите соништа... освен ако не е статистички докажано дека нема ни најмала теорија токму вам да ви се остварат.

2. Надежта умира последна... ама сепак умира!

3. Ако сакате некого, пуштете го да си оди... а ако не сакате некого, тогаш дефинитивно пуштете го да си оди!

4. Не плачете затоа што нешто завршило... плачете затоа што никогаш немате доволно пари.

5. Не се плашете дека нема да успеете овој пат... во иднина уште многу пати ќе потфрлите!

6. Никој не се грижи за вас како вашата мајка... нејзина работа е да ве лаже дека ќе биде добро, наместо да ви ја каже вистината.

7. Смејте се секој ден... како потсетник дека животот и понатаму ви е една голема шега.

8. Направете нешто добро за некого денеска... оставете го на мира, животот му е онака тежок без вашите глупости.

17-demotivaciski-citati-za-lugjeto-koi-mrazat-inspirativni-poraki-02_copy.jpg

9. Не дозволувајте никој да ви каже дека не можете да направите нешто... тоа е работа на вашата сопствена несигурност и ниска самодоверба.

10. За вас не постојат граници... но само ако сакате да се лажете себеси.

11. Медитирајте секој ден... за уште повеќе да се затворите во себе и да станете посебични.

12. Никогаш не сте сами... во вашата глава има глас кој ви кажува дека сте очајно лоши.

13. Ќе биде подобро... ама само минута-две, после тоа пак ќе биде лошо.

14. Сè ќе биде добро... или нема - едно од двете ќе биде секако!

15. Не сте сами... пријателите се со вас со своите проблеми и лошо однесување.

16. Патот кон успехот почнува со само еден чекор... ама, со еден чекор почнува и патот кој води до некоја дупка во која може да паднете и да скршите врат.

17. Ако никогаш не пробате ништо ново... ќе избегнете многу разочарувања во животот!

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...
„Не си ти луда, само тој досега бил со здодевни жени“ и уште 15 кул цитати (во кои се пронајдов) „Само Chat GPT и ја знаеме како ми е“, „Сега се родив во држава без море и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg