„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радовиќ
„Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправаат дека веќе се сакани, се срамат да признаат дека не се“ - e еден од цитатите на Душко Радовиќ за љубовта.

Еден од омилените српски писатели во минатиот век е Душко Радовиќ. Овој новинар, писател и поет е познат по својот стил, истовремено едноставен, топол и духовит.
Токму затоа, неговите пишани мисли и цитати на различни теми се прекажуваат и денес, зашто ширел пораки за мудрост, оптимизам и човечност преку своите приказни и стихови.
Неговите цитати за љубовта, пак, инспирираат и мотивираат.
Душко Радовиќ
Ова се 15 прекрасни мисли од Душко Радовиќ за љубовта:
„Има толку малку љубов меѓу луѓето. Оној што знае да сака не треба да прави ништо друго“.
„Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправаат дека веќе се сакани, се срамат да признаат дека не се“.
„Дали љубовта е болест? Да, но не е пренослива. Можеш да бакнуваш и бакнуваш некого, но нема да го заразиш со љубов“.
„Оној што бил сакан - заборавил. Спомени чуваат само оние што сакале“.
„Вчера некој го пронајде она што не го бараше. Она што го бараше тој, го пронајде некој друг“.

„Сопруг е името за оној што некогаш те сакал. Сопруга е името на онаа што сакала некој друг, а се омажила со тебе“.
„Еден млад човек утрово го изгуби умот во трамвај. Се моли малата пегава русокоса да му го врати. Потоа, ќе можат да го користат заедно“.
„Ако можеш, не ги сакај оние што не те сакаат. Ако не можеш, тогаш сакај ги само малку. Ако не можеш ни тоа, сакај ги многу, но кратко“.
„Сакајте се еден со друг кога не сте заедно. Тоа е вистинска љубов. Оние што знаат да се сакаат само кога се заедно, не ги интересира со кого се“.
„Не сакај никого толку многу, што тој нема да ти ја возврати љубовта поради твоето силно сакање“.

„Оние што сакаат се будни, оние што се сакани сè уште спијат“.
„Збогатете го вашиот заеднички живот, борете се за разновидноста на животот, бидете реални и одмерени кога ги поставувате вашите заеднички цели и желби, силни и упорни кога ги постигнувате“.
„Постојат жени кои ги сакаат само своите сопрузи. Тие мажи не се ништо посебно, ама жените се“.
„Бидете љубоморни, не еден на друг, туку на вашиот брак. Чувајте го и бранете го од сите искушенија, сметајте го за скапоценост која ги одредува вашата судбина и среќа“.
„Љубовта е убава само кога се подразбира дека постои, кога ги следи сите наши други активности, кога ни дава сила да бидеме што е можно поуспешни како поединци и да се оствариме како членови на општеството“.
А. Ј. | Црнобело / фото: Freepik.com
