Имал преку 250 љубовници, син му е бездомник и спие на клупа - Скандалозната приказна на Том Џонс
Џонс никогаш не бил премногу дискретен во однос на своите љубовни авантури, а во едно интервју признал дека имал афера со повеќе од 250 жени - медиумите шпекулираа дека дури и неговиот син му помагал да договара средби со љубовниците.

Том Џонс е еден од најуспешните музичари на сите времиња.
Но, зад светската слава и сјајот, се крие приватен живот исполнет со скандали, болка, семејни трагедии.
Велшкиот пејач Том Џонс (85) со децении е глобална музичка икона.

Благодарение на безвременските хитови и силниот, препознатлив глас, скоро и да не постои човек што не слушнал за славниот музичар.
Иако и денес е активен, одржува концерти и работи како член на жирито и музички учител на младите таленти во шоуто The Voice, тој сепак привлекува повеќе внимание со приватниот живот, исполнет со скандали и неверства.

Љубовта на својот живот, Мелинда Тренчард, ја запознал како тинејџер.
Имал само 15 години кога почнале да се гледаат, а една година подоцна го кажале судбоносното „да“.
Набрзо добиле син, Марк Вудвард, кого Мелинда го одгледала речиси сама, зашто Том неуморно патувал низ светот и градел кариера.

Но, тој никогаш не бил премногу дискретен во однос на своите љубовни авантури.
Во едно интервју признал дека имал секс со повеќе од 250 жени, а медиумите шпекулираа дека дури и неговиот син му помагал да договара средби со своите љубовници.
И покрај ова, пејачот вели дека не се кае за прељубите бидејќи „никого не сакал повеќе од неговата сопруга и син“.
Со синот