„Ги оставам луѓето кои не ме ценат - ја знам својата вредност“: Моќни цитати од легендарниот Ентони Хопкинс

„Учам да не се срамам од моите емоции. Моите емоции ме прават маж“ - вели еден од најголемите мачомени во Холивуд. Актерот низ годините сподели свои мудри мисли, кои сигурно ќе ве инспирираат.

gi-ostavam-lugjeto-koi-ne-me-cenat-jas-ja-znam-svojata-vrednost-mokjni-citati-od-legendarniot-entoni-hopkins-01.jpg

Сер Ентони Хопкинс, легендата на Холивуд, на 31 декември ќе наполни 87 години (роден е 1937-ма).

Долговечноста, различните интереси, средбите со луѓе од многу сфери, ударите и среќните моменти што ги искусил во животот го направиле помудар.

Па некои од работите што ги осознал во текот на животот, ги споделува и со јавноста, не како совет, туку негово согледување на нештата.

Издвојуваме неколку цитати од познатиот актер кои ќе ве замислат, а можеби и ќе ви помогнат да размислувате поинаку за некои работи во животот:

1. „Откако си ги сакав родителите, браќата и сестрите, сопругата, децата и пријателите, сега почнав да се сакам себеси“.

2. „Сфатив дека не сум Атлас. Светот не почива на моите плеќи“.

3. „Престанав да се пазарам со продавачите на овошје и зеленчук. Уште неколку центи нема да ме осиромашат, но може да му помогнат на некој сиромав да заштеди за да плати за училиштето на неговото дете“.

4. „Престанав да им кажувам на постарите луѓе дека ми ја раскажале истата приказната премногу пати. Историјата ги тера да одат по патеката на сеќавањата и повторно да сакаат да го преживеат своето минато“.

5. „Научив да не ги поправам луѓето дури и кога знам дека грешат. Не го носам товарот сè на мене и околу мене да биде совршено. Светот вреди повеќе од совршенството“.

6. „Слободно и великодушно давам комплименти. Комплиментите не го развеселуваат само примателот, туку и мене. И мал совет за примателот на комплиментот - никогаш, НИКОГАШ не го одбивајте, само кажете ‘Благодарам’“.

gi-ostavam-lugjeto-koi-ne-me-cenat-jas-ja-znam-svojata-vrednost-mokjni-citati-od-legendarniot-entoni-hopkins-02.jpg

7. „Научив да ги игнорирам дамките на мојата кошула. Личноста зборува погласно од изгледот“.

8. „Ги оставам луѓето кои не ме ценат. Тие можеби не ја знаат мојата вредност, но јас знам“.

9. „Останувам мирен кога некој игра валкано во желбата за да ме победи во трката ‘на стаорци’. Јас не сум стаорец и не припаѓам во оваа група“.

10. „Учам да не се срамам од моите емоции. Моите емоции ме прават маж“.

11. „Научив дека е подобро да го отфрлиш егото, отколку да ја прекинеш врската. Моето его ќе ме држи осамен, но никогаш нема да сум сам во врска“.

12. „Научив да го живеам секој ден како да ми е последен. На крајот на краиштата, тој и може да биде последен“.

13. „Го правам она што ме прави среќен. Јас сум одговорен за мојата среќа и си ја должам себеси“.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...

Најчитани неделава