Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега
Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во светот?

Каде се раѓаат највисоките луѓе, колку ѕвезди има Млечниот пат, која слика е продадена за над 400 милиони долари…
Ако сте расположени да научите нешто ново, но без да ви одзема многу време, тогаш сте на вистинското место.
Девет факти кои сигурно не сте ги слушнале досега:
Франција е најпосетувана земја во светот
Во 2024 година, Франција ја посетиле дури 102 милиони туристи и ова ја прави најпосетената земја во светот.
На второто место се наоѓа Шпанија со 93 милиони, а на третото САД, со 72 милиони туристи.
Луѓето во Босна и Херцеговина се едни од највисоките во светот
За највисоки луѓе во светот се сметаат Холанѓаните – просечната висина на мажите е околу 182 сантиметри, додека на жените околу 169 сантиметри.
Но, многу блиску до нив се луѓето до Босна и Херцеговина, со приближно иста просечна височина на мажите и жените.
Според некои извори, тие може да се и на првото место по висина во светот.
Моментално живи се околу 7% од сите луѓе кои биле родени досега
Од почетоците на човештвото пред околу 50.000 години, се проценува дека се родени околу 108 милијарди луѓе.
Денес на Земјата живеат околу 8 милијарди, односно околу 7% од сите кои биле родени.
16-ти септември е најчестиот роденден во светот
Статистички, мнозинство луѓе слават роденден во септември, поточно 16-ти.
Се претпоставува дека ова е бидејќи зачнувањата се случуваат многу почесто во зимската празнична сезона, околу Нова година.
