Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега
Кина ја има најголемата војска во светот
Кина има околу 2,2 милиони активни војници, а тоа значи дека ја има најголемата армија во светот.
На второ место е САД, а на трето се наоѓа Индија.
Не знаеме колку ѕвезди има во Млечниот пат
Иако имаат некоја претпоставка, експертите сепак не знаат колку точно ѕвезди има во Млечниот пат.
Нашата галаксија е огромна, со дијаметар од околу 100.000 светлосни години и се проценува дека бројот на ѕвезди е помеѓу 100 и 400 милијарди.
Но, во блиска иднина веројатно нема да го дознаеме точниот број.
Доли Партон има донирано над 100 милиони книги
Доли Партон една од најпознатите кантри пејачки не само во САД, туку ширум целиот свет. Но, покрај завидната кариера, таа може да се пофали и со своите добротворни акции.
Преку нејзината непрофитна организација Imagination Library која е активна од 1995-та, пејачката има донирано над 100 милиони книги во училишта и библиотеки.
Најскапата слика во светот е продадена за 450 милиони долари
Во 2017 година, принцот Бадр бин Абдула Ал Сауд од Саудиска Арабија ја купил сликата Salvator Mundi (Спасителот на светот) од Леонардо да Винчи.
За уметничкото дело платил дури 450 милиони долари.
Најстарата винова лоза во светот е посадена пред 400 години
Во Марибор, Словенија, можете да ја видите најстарата винова лоза во светот која уште раѓа грозје.
Посадена е пред повеќе од 400 години, а официјално е прогласена за најстара од страна на Гинис.
Спирова С. | Црнобело
