Еден брак ѝ траеше 274 дена, бивши сопруг ѝ остави 18.000 рози на гробот - Бурниот љубовен живот на Мерилин Монро

Една од најубавите жени на сите времиња, Мерилин Монро, имала бурен љубовен живот. Ѝ припишаа љубовна афера со американскиот претседател Џон Кенеди, трипати беше во брак, а еден од тројцата поранешни сопрузи никогаш не ја прежалил и на смртната постела рекол: „Конечно повторно ќе ја видам“.

eden-brak-i-traeshe-274-dena-bivshi-soprug-i-ostavi-18-000-rozi-na-grobot-burniot-ljuboven-zhivot-na-merilin-monro-01.jpg

Мерилин Монро, чие вистинско име е Норма Џин Бејкер, е родена на 01.06.1926 година во Лос Анџелес.

Животот на актерката, која се смета за најголемиот секс-симбол ви 1950-тите, отсекогаш ја интригирал јавноста, но подеднакво интересен е и нејзиниот бурен љубовен живот.

Што знаеме за љубовните врски на Мерилин Монро?

Две недели откако наполнила 16 години, Норма Џин се омажила за Џејмс Доерти, 20-годишен работник во фабрика за авиони.

Се омажила по краткотрајна врска, иако таа и Џејмс не се познавале доволно добро, но таа го направила ова за да избегне престој во дом за запоставени деца.

Џејмс подоцна напишал две книги посветени на неговата сопруга, во кои тврдел дека се сакаат, но дека таа била понесена од соништата за слава.

Брзо по свадбата, тој отишла во морнарица, а Норма Џин не била пресреќна што треба да е домаќинка.

Нивниот брак траел само четири години.

„Направив и постигнав многу во мојот живот, а сите секогаш ме прашуваа исто: Како е да се биде во брак со Мерилин Монро?

Не бев во брак со Мерилин Монро, туку со Норма Џин, со која имав намера да го поминам остатокот од мојот живот“, рекол во една пригода Доерти за нивниот брак.

Освен заради раздалеченоста и незадоволството, Норма била принудена да побара развод и поради условот на 20th Century Fox - ќе потпише договор со нив за снимање филмови, но не смее да се мажи.

Откако веќе имаше филмски успех и почна самата да поставува услови, во 1954 година Мерилин се омажи за бејзбол играчот Џо Димаџио, најпопуларниот и најдобар во американската лига.

Но, тој бил премногу љубоморен, а нивниот брак траел само 274 дена.

„Тоа беше нешто за кое никогаш не планирав ниту сонував, да бидам сопруга на голем човек. Исто како што Џо никогаш не помисли да се ожени со жена која е 80% публицитет.

Вистината е дека бевме многу слични. Мојот публицитет, како и величината на Џо, е нешто надворешно и нема никаква врска со тоа кои сме всушност“ - пишува Мерилин во својата автобиографија.

Според странските медиуми, Димаџио полудел за време на снимањето на легендарната сцена, кога ветер го дува нејзиниот бел фустан и тој се крева нагоре.

По еден месец, Мерилин поднела барање за развод, а како причина навела „ментална злоупотреба“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg