Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос?

Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде пример за другите богаташи. Досега таа има донирано над 19 милијарди долари за добротворни цели, а се заколна дека ќе донира барем половина од нејзиното богатство пред да умре. Па, во споредба со сегашна сопруга на Безос, Мекензи изгледа како навистина скромна личност.

ima-donirano-nad-19-milijardi-dolari-rabotela-kako-kelnerka-dodeka-studirala-koja-e-skromnata-prva-sopruga-na-dzhef-bezos-01.jpg

Додека голем дел од јавноста го презира Џеф Безос, особено откако почна да се зборува за нехуманите услови за работа во Amazon, неговата поранешна сопруга Мекензи Скот за многумина е пример што треба да го следат сите богаташи.

По разводот во кој доби огромна сума пари, Мекензи се заколна дека ќе донира најголем дел од богатството и веќе има донирано неколку милијарди.

ima-donirano-nad-19-milijardi-dolari-rabotela-kako-kelnerka-dodeka-studirala-koja-e-skromnata-prva-sopruga-na-dzhef-bezos-1.JPG

Која е Мекензи Скот и зошто јавноста ја сака?

Потекнува од Сан Франциско

Мекензи е родена во богато семејство, но во животот и таа се соочила со предизвици. Нејзиниот татко бил финансиски советник, додека мајка ѝ била домаќинка.

Иако живеел удобно, во богато соседство во Сан Франциско, кога Мекензи имала 17 години, фирмата на татко ѝ банкротирала.

Тогаш Мекензи учела во приватно средно училиште, но кога почнале финансиските проблеми во семејството, целосно му се посветила на учењето и успеала да матурира една година пред своите врсници.

Мекензи сакала да студира на Универзитетот Принстон, а кога родителите веќе не можеле да ѝ го финансираат целото образование, успеала да добие стипендија. За да се издржува, додека студирала, Мекензи работела и како келнерка.

ima-donirano-nad-19-milijardi-dolari-rabotela-kako-kelnerka-dodeka-studirala-koja-e-skromnata-prva-sopruga-na-dzhef-bezos-03.JPG

Има издадено две книги

На Принстон, Мекензи студирала креативно пишување, а досега има издадено две книги – првата во 2005, а втората во 2013 година.

Како што има изјавено самата, сонувала да биде писателка уште од 6-годишна возраст.

Нејзиниот ментор на Принстон, пак, има изјавено дека Мекензи е предобра и извонредна писателка.

ima-donirano-nad-19-milijardi-dolari-rabotela-kako-kelnerka-dodeka-studirala-koja-e-skromnata-prva-sopruga-na-dzhef-bezos-07.JPG

25 години беше во брак со Џеф Безос

По завршувањето на студиите, Мекензи се преселила во Њујорк со надеж да ја почне кариерата како писателка.

Но, морала и да работи и бидејќи сфатила дека ќе биде тешко да најде време за пишување доколку е келнерка, решила да си побара друга работа.

Па, отишла на интервју за работат во финансиска фирма, а интервјуто го водел токму Џеф Безос. Безос веднаш ја најмил, а набрзо потоа почнале и врска.

По три месеци се свршиле, а се венчале во 1993 година.

Сепак, во 2019-та, во период кога веќе се шпекулираше дека Безос е во врска со Лорен Санчез, тие открија дека се разделуваат.

ima-donirano-nad-19-milijardi-dolari-rabotela-kako-kelnerka-dodeka-studirala-koja-e-skromnata-prva-sopruga-na-dzhef-bezos-09.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Еден брак ѝ траеше 274 дена, бивши сопруг ѝ остави 18.000 рози на гробот - Бурниот љубовен живот на ... Една од најубавите жени на сите времиња, Мерилин Монро, имала бурен љубовен живо...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg