Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос?
Му помогна на Безос да ја лансира Amazon
Иако Џеф Безос е личноста што се поврзува со Amazon, не треба да се занемари огромниот удел на Мекензи Скот.
Кратко по свадбата, Безос ѝ кажал на Мекензи дека сака да даде отказ од фирмата во којашто работеле и двајцата и да лансира онлајн продавница за книги.
Мекензи била таа што го охрабрила, па решиле да се преселат во Сиетл за Безос да ѝ даде шанса на својата идеја.
„Јас не бев личност која се разбира во бизнис, но кога Безос ми зборуваше за неговата идеја, ги забележав страста и возбудата кај него. И јас, како сопруга, сакав да ја гледам саканата личност како почнува своја авантура“.
Безос ја лансира Amazon од нивниот дом во 1994 година.
Но, покрај тоа што го инспирирала, Мекензи му била сметководител на Безос, помогнала во развивањето на бизнис планот и имала огромен удел во правењето договори уште на почетокот.
По 1996 година, откако компанијата веќе била разработена, Мекензи повеќе се фокусирала на својата кариера како писател, но и семејството.
Има четири деца со Безос
Безос и Мекензи многу добро ја штитат приватноста на нивните деца, па јавноста не знае ни кога се родени, ни како се викаат.
Познато е дека во 2000 година добија син – Престон – а имаат уште два сина чие име не е познато. Тие имаат и посвоена ќерка за која само се знае дека е од Кина.
По раѓањето на третото дете, Мекензи откри дека решила да паузира со својата креира.
„Знаев дека не можам да бидам родител каков што сакам ако продолжам да пишувам. Во годините по раѓањето на третото дете, имав премногу обврски околу семејството“.
Кога во 2019 година Мекензи и Безос открија дека се разделуваат, тие истакнаа дека нивните деца им остануваат приоритет и дека нема да дозволат разводот да влијае врз нив.
Се заколна дека ќе донира барем половина од богатството пред да умре
Поради огромниот удел во Amazon, Мекензи доби околу 36 милијарди долари по разводот со Безос.
Таа всушност доби дел од акциите на Amazon, што значи по разводот нејзиното богатство се зголемуваше, како што растеше вредноста на компанијата.
По разводот, брзо се најде на листата на најбогатите жени во светот, по што се заколна дека ќе донира барем половина од своите пари.
И, до денес се труди да си ги исполни ветувањето – досега Мекензи има донирано над 19 милијарди долари во повеќе од 2.000 непрофитни организации.
Иако ја нарекуваат филантроп, Мекензи вели дека не го сака тој збор:
„Овој збор го поврзувам со богати луѓе кои веруваат дека тие знаат како најдобро да ги решат туѓите проблеми“.
Сепак, вели дека ќе продолжи со добротворната работа, без разлика дали тоа ќе биде карактеризирано како филантропија или нешто друго.
Се венча со наставник по хемија
Во 2021-ва, околу де години по финализирањето на разводот со Безос, Мекензи се венча со Дан Џевет. Тој бил професор по хемија во училиште во кое учеле децата на Мекензи, па веројатно така се запознале.
Сепак, нивниот брак не траеше долго – во 2023-та се разведоа, а Дан веќе има нова девојка.
Не е познато зошто се разделиле, но Мекензи била таа која го поднела барањето за развод.
Спирова С. | Црнобело
