8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело

Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја немаат сите.

fakti-koi-se-dokaz-deka-nema-nishto-pochudno-od-chovechkoto-telo-01.jpg

За човечкото тело треба да откриеме уште многу работи, а она што го знаеме досега, само ни потврдува дека е навистина комплексна машина која не престанува да изненадува.

Неколку факти што го потврдуваат ова:

На црвенокосите луѓе им треба поголема доза анестезија

Неколку истражувања, иако мали, покажале дека на луѓето со природно црвена коса им треба и до 20% поголема доза анестезија за да има ист ефект како луѓе со друга боја на косата.

Тие се поотпорни и на локална, и на општа анестезија, а се претпоставува дека причината за ова е поради ген што го имаат само тие. Односно, можно е генот што им ја дава црвената коса некако да е поврзан со чувствителноста на болка.

Иако ова е тема што уште се истражува, ако сте црвенокоси, немојте да се плашите бидејќи анестезиолозите се искусни во она што го прават и секогаш ќе ја добиете дозата што ви е потребна вам.

fakti-koi-se-dokaz-deka-nema-nishto-pochudno-od-chovechkoto-telo-02.JPG

Има синдром познат како Алиса во Земјата на чудата

Ова е навистина ретко невролошко нарушување кое има влијание врз перцепцијата на телото и опкружувањето.

Луѓето кои го имаат ова нарушување може да ги перципираат нивните или туѓите делови од телото како поголеми, помали или да им делуваат чудно, искривено.

Не е познато што точно го предизвикува синдромот, а нема ни лек, но постојат терапии кои можат да ги контролираат другите симптоми што ги предизвикува, како главоболка.

fakti-koi-se-dokaz-deka-nema-nishto-pochudno-od-chovechkoto-telo-03.JPG

Кога се отстранува тетоважа со ласер, мастилото се исфрла преку урината

Ласерите за отстранување тетоважи не го горат или уништуваат мастилото, туку го разградуваат во многу ситни честички.

Потоа, лимфниот систем ги апсорбира овие честички, па минуваат низ филтрите на телото, односно бубрезите и црниот дроб.

Одовде, постепено се исфрлаат од телото преку урината, но и преку потта и изметот.

fakti-koi-se-dokaz-deka-nema-nishto-pochudno-od-chovechkoto-telo-04.JPG

Луѓето се раѓаат само со 2 стравови

Сите ние се плашиме од многу работи – од инсекти, змии, војни, болка, смрт… Но, интересно е што сето ова се стравови што ги учиме во текот на животот, а се раѓаме само со два – страв од паѓање и страв од многу гласен звук.

За разлика од другите стравови што ги стекнуваме со искуство, овие два се како програмирани во нашите мозоци.

Токму и затоа малите бебиња можат да изгледаат бестрашно, но ако слушнат гласен звук или ако мислат дека паѓаат, делуваат исплашено.

fakti-koi-se-dokaz-deka-nema-nishto-pochudno-od-chovechkoto-telo-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg