8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело
Изгорениците од сонце болат бидејќи кожните клетки самите се уништуваат
Кога ќе изгориме на сонце, кожните клетки се оштетуваат, поради што се јавува ризик да станат канцерогени.
Па, за да се заштити, телото е програмирано да им „нареди“ самите да почнат да се уништуваат и со тоа да ја спречат (или намалат) можноста да се развие рак.
Но, иако нашето тело го има овој механизам, не значи дека нема пропусти и затоа секојпат треба да ставате крем со фактор кога излегувате на сонце.
Ако кивате од силна светлина, тогаш имате посебна генетска одлика
Ако сте од оние луѓе кои киваат кога ќе погледнат кон сонце или силно светло, тогаш сте наследиле генетска особина што ја немаат сите.
Се верува дека поради оваа особина, доаѓа до погрешна комуникација помеѓу оптичкиот нерв и нервот што го контролира кивањето. Па, кога ќе видите светлина, оптичкиот нерв праќа сигнал да се активира нервот за кивање и – кивате.
Ендометриозата може да се рашири и на другите делови од телото
Ендометриозата е состојба поради која ткивото од матката почнува да расте надвор од неа.
Иако обично ова ткиво се создава околу репродуктивните органи, во карличната област, во некои случаи може да се прошири и на другите делови од телото.
Женскиот репродуктивен систем изгледа поразлично од илустрациите што ги гледаме
Сите сме виделе илустрација од женски репродуктивен систем, но во реалноста овие органи изгледаат поразлично.
Изгледот на матката и на јајниците е многу поблиску до илустрацијата десно. Важно е да се напомни дека и илустрацијата лево е анатомски точна, но кога е во телото, матката и јајниците се поразлично поставени.
Спирова С. | Црнобело
