Тајните на мозокот кои не сте ги знаеле

Мозокот има две хемисфери кои се поврзани со корпус калозумот кој кај жените е поголем од кај мажите, што го објаснува фактот дека жените ги користат двете хемисфери кога вршат комплексни задачи за разлика од мажите каде што се активира само онаа која е неопходна за извршување на работата.

tajnite-na-mozokot-koi-ne-ste-gi-znaele-01

Ова е само една од многуте мистерии кои човечкиот мозок ги крие, а останатите откријте ги во продолжение.

Јахлехидрати

Мозокот на возрасен човек има околу 100 милиони неврони, односно наелектризирани клетки кои што шират сигнали. Во текот на целиот живот се создаваат нови врски меѓу овие клетки, но за чудо целокупниот број на клетките опаѓа.

Јаглехидратите се важни за функционирањето на мозокот, конкретно затоа што на мозокот потребна му е гликозата. Иако мозокот е во просек тежок само два килограми, тој троши 20% од вкупната количина на гликоза која организмот ја добива.

Зошто некои хорори се страшни?

Некои мозочни клетки се активираат кога се движиме или кога ги надгледувате другите како се движат. Потсвесно ја имитирате другата личност за да разберте како се чувствува.

Кога гледате некој што прави во мозокот ја повторувате таа работа и кога сте сведок на некои емоции во вашиот мозок се активираат центрите за тие емоции. Оваа мозочна активност е темелот за емпатијата, и затоа чувствувате различни емоции, како страв кога гледате филмови. Кога во тие филмови гледате страв кај актерите, и вие почнувате да го чувствувате тоа, исто како и страдањето на другите кое буди сожалување и емпатија кај вас.

Никогаш нема се да заборавите

Памтењето е проширено низ целиот мозок, па ако еден дел од мозокот се оштети, здравите делови ќе останат непроменти. Таквиот систем на складирање на податоци го прави помнењето неуништливо. Кога ќе дојде до повреда на мозокот од тоа место исчезнуваат некои податоци, но останатите делови остануваат недопрени, па затоа ако заборавите нечие име не значи дека ќе го заборавите неговиот лик.

Од каде потекнува желбата за слатко?

Како награда за извршувањето на функциите на мозокот, при хранењето се испуштаат некои опијати кои кај човекот предизвикуваат чувства на задоволство. Храната богата со јаглехидрати му одговара на мозокот, па затоа настанува големото задоволството откако ќе го нахраниме со омиленото слатко. Колку повеќе шеќер внесувате, толку повеќе ќе имате потреба за тоа, затоа морате да ги усовршите механизмите за самоконтрола за да не дојде до зависност.

Дали ова веќе ми се има случено?

Дежаву е изненадното чувство на познатост и верување дека веќе сте поминале низ таа ситуација и доживување. Една од можните теории е дека моменталната ситуација е многу слична со некоја друга од минатото па затоа ја доживуваме како веќе позната.

Научете јазик за да останете млади

Познавањето и течниот говор на два јазици од рана младост, значајно ги подобрува когнитивните способности и го намалува ризикот од деменција и други болести во староста. Причината за ова е дека познавањето на два јазици влијае врз создавањето на повеќе врски меѓу невроните.

Би можело да ве интересира:

Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
9 факти за женското тело што звучат нереално Жените имаат посилно сетило за мирис и имаат поголеми шанси да преживеат сериозн...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg