Цитати за среќен живот: Сакајте, секогаш сакајте до болка

Понекогаш сè што е потребно е да се љуби искрено и со цело срце, без разлика на последиците. Кога се мисли на љубов, се мисли на сите нејзини форми и облици. Искрена и безусловна љубов која знае и да боли, но знае и да лекува.

citati-za-sreken-zivot-sakajte-sekogas-sakajte-do-bolka-01.jpg

За таква љубов најчесто зборувала и Мајка Тереза. Големата жена и хуманитарка која целиот свој живот го посветила помагајќи им на сите луѓе во светот.

Токму од неа се искажани и најголемите мисли за љубовта, за човештвето, успехот, пријателството и вистинското богатство во срцето.

1. Ако не можете да правите големи работи, правете ги малите со голема љубов.

2. Срцето кое знае да сака е радосно срце.

3. Човекот е неразумен, нелогичен, себичен. Не е важно, сакај го.

4. Не се сретнувај со некој што не можеш да го направиш посреќен и подобар откако ќе си замине, по средбата со тебе.

5. Љубезните зборови може да бидат кратки и можеби е лесно да ги изговорите , но тие одекнуваат во бесконечноста.

6. Најлоша беда во светот е да се чувствувате несакано.

7. Сакајте, секогаш сакајте до болка.

8. Најди време за смеа, тоа е мелодија на душата.

9. Подраги се грешките направени со нежност и молк, отколку чудесни дела во грубост и без љубезност.

10. Само жената може да создаде семејство, но и поради жена може цело семејство да се распадне.

Уште 10 цитати за среќен живот на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg