Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сарказмот ве прави попаметни - интересни научни факти поврзани со емоциите

Емоциите можеби изгледаат како да не се поврзани со науката, но утврдено е дека науката има прилично големо разбирање за тоа како емоционалните реакции се произведени.

sarkazmot-ve-pravi-popametni-interesni-naucni-fakti-povrzani-so-emociite-01.jpg

Ова се неколку интересни научни факти поврзани со емоциите:

Негативните емоции можат да бидат корисни

Нашата култура инсистира дека позитивното размислување е од клучно значење за остварување на нашите цели и уживање во нашите животи.

Неодамнешните истражувања сугерираат дека способноста да ги обработиме негативните емоции и мисли не само што е здраво, туку е и клучот за менталното здравје.

Негативните мисли играат витална улога која ни помага да се разбереме и да ги процениме нашите искуства.


Најтешко се лажираат

Повеќето од нас веројатно мислат дека е прилично лесно да се препознае лажна насмевка и сите барем понекогаш глумеле возбудата околу нешто.

Но, дали некогаш сте се обиделе да глумите лутина? Или тага? Се работи за емоции кои најтешко се лажираат.


Сарказмот ве прави попаметни

Во суштина, додека јасната забелешка бара само основни разбирања, саркастичните забелешки бараат повеќе нивоа на разбирање, односно слушателот мора да ги има во предвид искуствата, погледите и предрасудите на говорникот за да ги анализа.


Емоциите можат да ни помогнат да ја предвидиме иднината

На Универзитетот Колумбија резултатите од едно истражување покажале дека луѓето кои им веруваат на своите чувства имаат поголеми шанси точно да го предвидат исходот на идните настани.

И тоа не на било кои идни настани, туку на широк спектар на настани, вклучувајќи ги и претседателските избори во 2008 година во САД, победникот на Американски идол...

Ова укажува на тоа дека емоционалниот систем може да биде способен за донесување и обработка на информации. Емоционалните импулси можат да се поврзат со повеќе работи, отколку само за преживување.


Емоциите го диктираат нашето чувство за морал

Знаеме дека повредување на луѓето не е во ред, а кога гледаме дека некој има болки, тоа не прави лути или тажни.

Науката укажува дека моралот не ги диктира нашите емоции, туку нашите реакции го обликуваат нашиот морал.

Истражувачите откриле дека кога гледаме фотографија на повредени луѓе, две различни области во мозокот се активираат. Првата веднаш оценува дали се работи за намерен акт; а втората, амигдалата, е поврзана со емоциите.

М. А. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Бил жртва на булинг, се самоубил по смртта на мајка му – Факти за дизајнерот Александар Меквин Важеше за „хулиган во британскиот моден свет“. Го дотерувал сите, а самиот одел ...
Тврдеше дека принцезата Дијана е бремена од син му Доди: Факти за милијардерот Мохамед ал Фајед Се верува дека Мохамед ал Фајед ги запознал принцезата Дијана и син му Доди биде...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Стана татко на 56 години, бил сексуално злоупотребуван како дете: Се сеќавате ли на вујко Џес од Ful... Има 61 година, но и понатаму е истиот шармер како во времето кога го глумеше вуј...
Никола Тесла и Исак Њутн никогаш немале односи со жена: 8 чудни факти за познати научници Знаете ли дека Алберт Ајнштајн добил понуда да биде претседател на Израел? Зн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg