Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Цитати за добро утро: Не гледајте во часовникот; правете го истото што го прави и тој. Движете се напред и не застанувајте

Утро, алармот ви ѕвони и со полуотворени очи се обидувате да го исклучите, сожалувајќи се себеси како мора да станете и да одите на работа, во училиште... И така со полузамижани очи првите 5-10 минути од денот им ги посветувате на социјалните мрежи, бидејќи сигурно нешто многу важно се случило додека вие спиевте.

citati-za-dobro-utro-ne-gledajte-vo-casovnikot-pravete-go-istoto-sto-go-pravi-i-toj-dvizete-se-napred-i-ne-zastanuvajte-01.jpg

И читате за најновиот трач во Холивуд, за новите силикони на најпопуларната пејачка... и сфаќате дека сте изгубиле не 5, туку 20 минути на сосема неважни работи. И така секој ден.

Научниците докажале дека многу често нашето расположение и однесување во текот на денот зависи од тоа како сме го почнале денот.

Голем дел од најуспешните луѓе откриваат дека денот го започнуваат со читање на некоја инспиративна книга, инспиративни цитати, дури и читање на една иста мантра по неколкупати.

Затоа утре кога ќе станете наместо Фејсбук или Инстаграм прочитајте ги овие цитати. Можеби денот навистина ќе ви биде поинаков...

„Потребен е цел еден живот за да научите да живеете“ - Сенека

„Вистинското патување не значи откривање нови земји, туку гледање со нови очи“ – Пруст

„Животот е таков. Ништо не е лесно и ништо не е невозможно“ – Данадеи

„Сега не е момент да мислите на тоа што го немате. Мислете што сè можете да направите со тоа што го имате“ – Хемингвеј

„Постои нешто полошо од изгубените соништа, тоа е изгубената желба да продолжите да сонувате“ – Фројд

„Храброст не значи имање сила да продолжите напред, туку продолжување напред тогаш кога немате сила“ - Рузвелт

„Можеби сите на овој проклет свет се плашат од луѓето околу нив“ – Стајнбек

„Не гледајте во часовникот; правете го истото што го прави и тој. Движете се напред и не застанувајте“ – Левенсон

„Никогаш не сте престари за да нова цел и нов сон“ – Луис

„Целете кон месечината. Ако промаршите, можеби сепак ќе наидете на ѕвезда“ – Стоун

„Бидете виножито во нечија бура“ – Анџелоу

„Можеби не можам да ја сменам насоката на ветрот, но затоа можам да ги свртам и едрата и да стигнам онаму каде сум тргнал“ – Дин

„Што е она кое би пробале да го направите, ако знаете дека не постои шанса за неуспех?“ – Шулер

„Стравот не е реалност, стравот е избор“ – Смит

М.С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бил опседнат со смртта, на 28 години загина на филмски сет – Факти за Брендон, синот на Брус Ли Во последните денови од снимањето на The Crow, Брендон Ли беше застрелан на филм...
Спасил над 1.000 Евреи, умрел во сиромаштија: Вистинската приказна за Оскар Шиндлер (и неговата лист... Користејќи ги своето влијание и своето богатство, Оскар Шиндлер спасил над 1.000...
Најемотивните стихови од песните на ДНК: „Небо мое, кажи што да направам, небо мое каде да се помола... Од првата „Девојка за везден“, па сè до најновата „Фала“, Андреј и Панчо од ДНК ...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
10 цитати за сите вљубеници во Италија „Се гушам ако еднаш годишно не дишам италијански воздух“… Се чувствувате ли и ви...
Околу 10% од Европјаните се имуни на ХИВ и уште 7 научни факти кои звучат нереално Бактеријата гонореја може да подигне нешто што е 100.000 пати потешко од неа и п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg