5 интересни факти за Google

Иако Google го користиме секојдневно, постојат интересни факти со кои сме помалку или воопшто не сме запознаени. Sergey Brin и Larry Page успешно изградија една од најуспешните компании која има огромно значење во нашите животи.

5-interesni-fakti-za-google-01.jpg

Успехот на Google е фасцинантен, а и најжестоките критичари мораат да признаат дека се работи за помалку необична компанија која постави нови стандарди во работењето.

1. Првиот Google Doodle

Логото на Google се менува повремено за да се обележи некој значаен датум или настан, како на пример годишнини од слетување на Месечината или Светското првенство во фудбал.

Google Doodle, односно прилагодениот логотип на Google настанат е на самиот почеток на компанијата како средство за комуникација со корисниците.

Brin и Page еден викенд во 1998 година сакале да го поминат на фестивал во Невада, а за да им порачаат на корисниците дека нема да бидат во канцеларија го поставиле ова лого:

2. Лего коцки

Заштитното куќиште на првиот уред за складирање податоци, во времето кога Google бил само проект на Standford под името BackRub, било изградено од лего коцки.

Уредот можел да собере 40 GB податоци, а причината за користење Лего коцки е нивната флексибилност- лесно и без додатни трошоци може да се состават и одвојат.

Наводно токму овие шарени коцки се задолжени за шарените букви со кои се пишува името на Google.

3. Првиот Tweet

Пораката која Google ја поставил на Twitter во февруари 2009 година изгледала вака:
I'm 01100110 01100101 01100101 01101100 01101001 01101110 01100111 00100000 01101100 01110101 01100011 01101011 01111001 00001010."

Нулите и единиците всушност значат - "I'm feeling lucky."

4. Центрирано лого

Денес очекуваме логото на Google  да се наоѓа на средината на страницате за пребарување. Меѓутоа центрираното лого е воведено дури во 2001 година, а до тогаш го красел и извичник кој многу корисници го поврзуваа со најголемиот конкурент - Yahoo!

5. Корпоративен диносаурус

Googleplex е само по себе импресивно место со бројни занимливости. Иако, по малку е необично што во дворот се наоѓа костур на T-rex кој го носи надимакот Stan, а кој некогаш живеел токму онаму каде денес се сместени канцелариите на Google.

Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg