Mорничави факти за лоботомијата - jа правеле со шило за мраз, повеќето операции биле неуспешни (вознемирувачко)

Иако повеќето операции биле неуспешни и пациентите редовно останувале неспособни ни да се грижат за себе, лоботомијата била вистински хит во периодот кога се појавила.

ja-pravele-so-shilo-za-mraz-povekjeto-operacii-bile-neuspeshni-mornichavi-fakti-za-lobotomijata-01.jpg

Лоботомијата е операција која вклучува прекинување на врските во префронталниот лобус на мозокот. Со оваа операција најчесто се лекувале пациенти со проблеми со менталното здравје.

Најчесто лоботомијата била неуспшна и ги оставала пациентите неспособни ни за најосновните работи, како грижа за себе.

За жал, лоботомијата сепак се изведувала на големо, и тоа повеќе од две децении, како лек за шизофренија, манична депресија, биполарно нарушување и други ментални болести.

Причината била тоа што во периодот кога се открила лоботомијата, не биле достапни други лекови за овие состојби.

Во продолжение неколку морничави факти за оваа застрашувачка операција:

Зборот лоботомија значи „сечење на мозочниот лобус“.

ja-pravele-so-shilo-za-mraz-povekjeto-operacii-bile-neuspeshni-mornichavi-fakti-za-lobotomijata-02.jpg

Лоботомијата била популарна процедура во раниот 20-ти век, а лекарите ја препорачувале за ублажување на симптомите на менталните болести.

ja-pravele-so-shilo-za-mraz-povekjeto-operacii-bile-neuspeshni-mornichavi-fakti-za-lobotomijata-03.jpg

Фридрих Голц е еден од првите лекари кои експериментирале со прекинување на врските во мозокот и најпознат е по ваквите експерименти направени на куче.

Но, Готлиб Буркхард е оној кој го пополчил патот за лоботомијата, но и идните операции на мозокот. Тој верувал дека менталните болести се поврзани со мозокот, па на шест пациенти им отстранил делови од церебралниот кортекс.

По операцијата, само кај еден пациент било забележано подобрување. 

ja-pravele-so-shilo-za-mraz-povekjeto-operacii-bile-neuspeshni-mornichavi-fakti-za-lobotomijata-04.jpg

Историчарот и лекар Џон Фултон, пак, забележал дека слична операција има смирувачки ефекти кај шимпанзата. Сепак, тој не ја пробал операцијата на луѓе.

ja-pravele-so-shilo-za-mraz-povekjeto-operacii-bile-neuspeshni-mornichavi-fakti-za-lobotomijata-05.jpg

Во 1935-та година, португалскиот лекар Антонио Егас Мониз, заедно со хирургот Алмеида Лима, ја направил операцијата на човек. Тој употребил инјекции со алкохол за уништи дел од ткивото на мозокот.

ja-pravele-so-shilo-za-mraz-povekjeto-operacii-bile-neuspeshni-mornichavi-fakti-za-lobotomijata-06.jpg

Во 1949 година, Мониз добил и Нобелова награда за лоботомијата. 

ja-pravele-so-shilo-za-mraz-povekjeto-operacii-bile-neuspeshni-mornichavi-fakti-za-lobotomijata-07.jpg

Првата лоботомија во САД била изведена во 1936 година, и тоа на 63-годишната Алис Худ Хамат. Докторите Волтер Фримен и Џејмс Ватс ја модифицирале техниката на Мониз и ја претставиле лоботомијата во Америка.

ja-pravele-so-shilo-za-mraz-povekjeto-operacii-bile-neuspeshni-mornichavi-fakti-za-lobotomijata-08.jpg

Најчестата алатка за изведување лоботомијата била шило за мраз. Еден од синовите на доктор Фриман изјавил дека првите шила за мраз што татко му ги користел во лоботомиите биле од неговата кујна.

ja-pravele-so-shilo-za-mraz-povekjeto-operacii-bile-neuspeshni-mornichavi-fakti-za-lobotomijata-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Петел живеел 18 недели со отсечена глава – морничави факти од минатото кои ќе ве фасцинираат Знаеме дека корсетите биле многу популарни кај жените. Со самото стегање и отежн...
Страдал од „синдром на врколак“, го третирале како животно – потресната приказна на мажот кој е инсп... Поради густите влакна на целото тело, Петрус Гонсалвус, но и неговите деца, биле...
Се „нафрлил“ врз неа по првата средба, сакала да ја откаже свадбата - Помалку познати детали од врск... Се запознале кога таа имала само 16 години, а нејзината сестра рекла дека не би ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg