Прашања без одговор

interesni-prasanja-bez-odgovor-povekjeВо оваа статија ќе ви претставиме листа на неколку прашања кои можеби и сте си ги поставиле, но не веруваме дека сте пронашле одговор. Доколку...

 

...пак имате “затоа“ на некое од овие “зошто“ ве молиме да ни кажете и да ја разрешиме дилемата.

Значи:

1. Зошто луѓето нарачуваат дупли чизбургер и голем помфрит, а со тоа и диетална Coca-Cola light?

2. Зошто жените не можат да стават маскара со затворена уста?interesni-prasanja-bez-odgovor

3. Зошто зборот “кратенка“ е толку долг?

4. Зошто за да го изгаснеме Windows мораме прво да кликнеме на Start?

5. Зошто сокот од лимон се прави со додатоци, а средството за миење садови со мирис на лимон - од вистински лимони?

6. Зошто не постои храна за мачки со вкус на глушец?

7. Зошто иглата која се користи за еутаназија е стерилна?

8. Зошто кога батериите на далечинскиот управувач се скоро испразнети упорно стискаме посилно на копчињата?

9. Зошто ги переме пешкирите кои ги користиме по бањање? Зарем не треба да сме чисти во моментот кога се бришеме со нив?

10. Зошто пилотите-камикази носат кацига?

11. Како таблите со натпис “Забрането е газење на тревата“ стигнале до средина на тревникот?

12. Што се обидувал да направи човекот во моментот кога открил дека кравата дава млеко?

13. Дали вработените во Lipton (ice tea) имаат пауза за кафе?

14. Зошто “одвоени“ се пишува со еден збор, а “сите заедно“ со два одвоени збора?

15. Зошто продавниците кои работат 24 часа имаат брави и клучеви?

Би можело да ве интересира:

Меланија (повторно) стана меме поради огромниот шешир што го носеше на средба со кралското семејство Ја споредуваат со подна ламба, а некои велат дека под огромниот шешир, можеби се...
Македонка бира лубеница со Chat GPT: „Одбери ми зрела, блага и заокружи ја“ „И јас ќе пазарам вака од сега“, „Лубеницата е посветла од мојата иднина“ - се д...
„Правда за стапалата на Викторија“ - Бекамова исмеана поради свитканите прсти на црвениот тепих „Дали им е добро на твоите стапала, Викторија?“ „Ослободете ги прстите на Виктор...
Смешни (и тажни) фото-докази дека не секој има талент за правење фризури и шминкање Пудра која е пет нијанси потемна од вратот, неуспешно фарбање во домашни услови ...
Смешна фото-компилација: Разочарувањето кога ќе ви стигне нарачката од TEMU Погрешни димензии, потполно различен производ, па и празна кутија – колкупати ви...
Фото-компилација: „Ремек-дела“ од мајстори кои едвај чекале да си одат дома Велосипедска патека која минува преку ограда, банкомат поставен на височина од м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg