7 куси шеговити приказни што ќе ви го разубават денот

„Вчера испаднав херој“, се фалел еден маж во кафеана. „Во една пригода девојка ми ми рече дека ќе умре од среќа ако ѝ купам подарок... Па, вчера ѝ беше роденден и ништо не ѝ купив. Ѝ го спасив животот“.

7-kusi-shegoviti-prikazni-shto-kje-vi-go-razubavat-denot-01.jpg

Доза хумор никогаш не штети.

Шеги што ќе ве насмеат слатко:

Плачел Јосиф на улица како да е крај на светот и еден човек застанал и го прашал:

„Зошто плачеш?“

Јосиф му одговорил: „Па, како да не плачам, кога си ја изгубив паричката.“

„Ајде не плачи, еве ти една паричка“, му кажал добродушниот човек.

Јосиф ја земал и пак почнал да плаче, а човекот го прашал што е сега проблемот кога си ја добил паричката назад.

„Офф, па како да не плачам. Да не ја изгубев мојата паричка сега ќе имав две.“

Откако добил отказ по само една седмица работа, работникот се обратил кај поранешниот шеф да му даде препорака.

Не сакајќи да го навреди, но и да не даде лажна препорака, тој напишал: „Работеше кај нас една седмица и сега сме задоволни.“

Една богата вдовица си фатила млад дечко, но по еден погрешен деловен потег ги изгубила сите пари, па го прашала: „Мил мој, дали ќе ме сакаш и покај фактот што не сум повеќе богата?“

„Се разбира драга, секогаш ќе те сакам, иако најверојатно нема да ме видиш повторно“, ѝ одговорил тој.

Работодавачот го прашува својот нов работник: „Зошто ми кажа дека имаш 5 години работно искуство, кога сега дознав дека никогаш не си работел никаде?“

„Па, во огласот кажавте дека барате креативен работник со бујна фантазија.“

Уште 3 шеги на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Медицински сестри откриваат смешни работи што слушнале од пациенти Медицинските сестри имаат видено и слушнато речиси сè.  „Еден ортопедски...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg