Освоила 3 милиони долари на лото, добитното ливче го добила како бакшиш: Фасцинантна приказна на келнерката Филис Пензо
На прашањето што ќе направи со парите, Филис одговорила:
„Сакам да ѝ купам куќа на мајка ми и за мене и за сопругот, како и да одам на Хаваи“.
Од друга страна, полицаецот Роберт планирал да искористи најголем дел од парите за неговите деца и внуци.
Нормално, потрошил дел и за себе – си купил брод, а купил и куќа за неговото семејство.
Роберт и Филис одлучиле да не ги земат сите пари одеднаш, туку да им исплаќаат околу 143.000 долари годишно, во период од 20 години.
Интересно е што и покрај тоа што имала сосема доволно за живот, Филис одлучила да продолжи со својата работа.
Како што има изјавено самата, премногу си ги сакала муштериите за да ги напушти.
Извесен период размислувала да отвори и свој ресторан, но се премислила.
Од ресторанот, пак, си заминала три години по добивката.
„По 27 години како келнерка, стигнав возраст кога веќе не можам да ги издржам смените.
Сега уживам во животот и минувам многу време со моите внуци. Претходно постојано работев. Но, сега внуците ми се главна окупација“.
Не е познато каде е и што прави Филис денес, а бидејќи нејзиното семејство нема споделено ништо, се претпоставува дека уште е жива.
Не се знае ништо ни за Роберт.
Но, десетина години по добивката и двајцата имаат давано интервјуа во кои споделуваа дека се среќни.
Како што спомнавме, нивната приказна е овековечена и во филмот It Could Happen to You од 1994 година.
Спирова С. | Црнобело