Неколку начини да го подобрите говорот на телото

Не постои некој специфичен водич за тоа како можете да го подобрите говорот на телото. Меѓутоа генерално гледано, работите секогаш се вртат околу неколку...

 

 

...практични совети како да го направите тоа. Ѕирнете ги следниве корисни совети:


Не ги прекрстувај рацете или нозете.
Овa веќе сигурно сте го слушнале, рацете и нозете не треба да се прекрстуваат заради тоа што тоа делува дефанзивно. 178120_f520

Гледајте во очи додека некој ви се обраќа, но не зјапајте.
Контактот со очи е важен заради тоа што со тоа се остварува подобар контакт со говорникот, а воедно му давате на знаење дека внимателно слушате. Но, не претерувајте, премногу гледање во очи може лошо да влијае на говорникот. Внимавајте да не го исплашите, па учтивото следење да добие впечаток на демнеење.

Не плашете се да завземете простор.
На пример стоење со нозете раширени, остава впечаток дека имате голема самодоверба.

Опуштете ги вашите рамења.
Кога чуствувате некоја тензија, размрдајте ги вашите рамења и поместете ги малку назад

Климајте со главта кога некој ви збори.
Со тоа давате сигнали дека слушате, но умерено, не претерувајте.

Седете исправено.
Исправено, но на релаксиран начин.

Кога би седеле навалени кон соговорникот...
Тоа би можело да покаже дека сте заинтересирани во разговорот. Ако акате да покажете дека верувате во себе, малку навалете се назад. Но, немојте премногу зошто ќе делувате арогантни и далечни.

Смејте се.
Опуштете се, немојте да бидете премногу сериозни. Кога некој ќе каже нешто смешно насмејте се, луѓето сакаат повеќе да комуницираат со позитивни личности. Но, кога ќе кажете некоја шега немојте да бидете вие првите кои се смеbody-shiftат на таа шега, тоа ве прави да изгледате нервозно. Кога некој ќе ве претстави, испратете скришна, слатка и мала насмевка, ќе оставите подобар впечаток.

Не допирајте го лицето.
За време на разговор, ако го допирате лицето, делувате нервозно, а воедно го одвлекувате говорникот од фокусот на разговорот.

Држете ја главата високо.
Не гледајте во земја, тоа ве прави да изгледате несигурно и малку изгубено. Главата исправено и очите кон хоризонтот!

Успорете малку.
Ова важи за неколку работи. Побавното одење делува посмирено и посамоуверено, исто така ќе направи да не се чуствувате толку стресно. Кога некој ќе ви се обрати, немојте на брзина да се свртите накај него/неа, направате го тоа побавно.

Немојте да бидете “замрзнати”.
Обидете се да ги одбегнувате или да ги смените фригидните движења и нервозното мрдање со ногата или брзото удирање со прсти по маса - делуваат премногу нервозно. Обидете се да се релаксирате.

 

Би можело да ве интересира:

Интимни средби со стјуардеси, алкохол пред лет: Мрачните тајни на пилотите (кои добиле отказ) Иако мнозинството пилоти се посветени професионалци кои можат да ни служат и как...
Забавна фото-компилација: Мутирани растенија што изгледаат како од друга планета Велат дека е среќа ако најдете детелина со четири листа. Но, дали сте виделе со ...
Луѓето кои биле во култ откриваат кога сфатиле дека се заробени „Мислам дека отсекогаш знаев, но решив да си заминам кога постарите членови ми р...
Зошто некои се убедени дека Елен Деџенерис има куру – болест која се пренесува со канибализам? Куру е исклучиво ретка и смртоносна болест која се пренесува со канибализам. Нај...
Убивал само криминалци, верувал дека е „спасител“: Кој е серискиот убиец што бил инспирација за сери... Бразилецот Педро Родригез убил над 70 луѓе, од кои дел додека бил во затвор, но ...
Девојка го одби запросувањето на дечко ѝ, на бина на концерт пред огромна публика (видео) Дечко од Австралија се договорил со бендот Bootleg Rascal да се качи на бина за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg