Работи за пријателството кои треба да ги научите и примените во 20-ите години

Раните 20-ти се период кога се шири вашиот круг на луѓе, достигнува кулминација и потоа почнува нагло да се стеснува.

najdobri-odluki-shto-mozhete-da-gi-donesete-za-prijatelstvata-vo-20-tite-godini-01.jpg

Кога сте тинејџери, сакате околу себе да имате многу пријатели со кои ќе можете да излегувате и да се дружите. По полнолетството, станувате посериозни личности и почнувате да ги категоризирате луѓето околу вас на блиски пријатели и познаници.

Потоа доаѓа период кога точно знаете кого би задржале како пријател во својот живот, а кого целосно би исклучиле. Секако, овој пат може да биде исполнет со предизвици и со падови поради лоши проценки или давање шанси на луѓе кои тоа не го заслужиле.

Но, најважно, во периодот меѓу 20 и 30 години учиме многу важни лекции за пријателството врз основа на кои носиме најдобри одлуки за себе.

Ова се некои од нив:

Мала група блиски пријатели

Кога е пријателството во прашање, повеќе не значи и подобро. Всушност, пред да наполните 25 години веќе кристално ви е јасно кој е добар за да ви биде пријател, кого би држеле на дистанца, а кого би исклучиле од својот живот.

najdobri-odluki-shto-mozhete-da-gi-donesete-za-prijatelstvata-vo-20-tite-godini-02.jpg

Имате време и за групни дружења и за еден-на-еден

Некогаш не ви беше проблем на едно место да ги соберете сите пријатели, дури и оние кои не се познаваат, само за да не одбиете некого. Но, со тек на време научивте (или ќе научите) дека треба и да поминувате време со друштвото, но и дека треба да сте тука за тој еден пријател на кој сте му потребни во моментот.

Веќе не толерирате глупости

Во младоста бевте таму каде е целото друштво, дури и ако тоа значеше да сте на место каде не се чувствувате пријатно. Сепак, кога ќе стекнете повеќе искуство ќе сфатите дека е полесно да не излезете или да прошетате сами, отколку да сте каде било само затоа што мнозинството така сакало.

najdobri-odluki-shto-mozhete-da-gi-donesete-za-prijatelstvata-vo-20-tite-godini-04.jpg

Несогласувањата и проблемите ги решавате веднаш

Сигурно некогаш сте премолчиле некој проблем или сте се нашле во ситуација да бидете озборувани од блиска личност. За среќа, веќе пораснавте и сфативте дека сите проблеми се решаваат отворено и без непотребна драма.

Сфативте дека не мора да бидете блиски со друштвото на партнерот

Некогаш правевте сè за да бидете прифатени од пријателите на партнерот, но денес тоа ви е апсолутно неважно, бидејќи секако ваквите собири ретко се случуваат. Исто така, не се обидувате да ги споите вашето и неговото друштво.

najdobri-odluki-shto-mozhete-da-gi-donesete-za-prijatelstvata-vo-20-tite-godini-03.jpg

Не им „местите“ никого на сингл-пријателите

Во младоста навистина е интересно да се „спојат“ пријатели на партнерите, а кога од тоа ќе излезе голема глупост, страда и другата врска.

Возрасните и разумни личности се свесни дека нема потреба да договараат запознавање за своите сингл-пријатели, знаејќи дека тоа е нивни избор.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg