8 навики на богатите луѓе кои ќе ви го променат животот за 180 степени

Богатите луѓе имаат многу добри навики и повеќето луѓе тврдат дека токму во нив лежи тајната на успехот.

8-naviki-na-bogatite-lugje-koi-ke-vi-go-promenat-zivotot-za-180-stepeni-01.jpg

Кои се 8-те главни кои треба да ги усвоите и вие за да „ви тргне?“

Прва навика – вежбање по барем 30 минути секој ден

Најтешкиот ден ќе биде облекувањето и пакувањето на торбата со опрема, но ако успеете да ги надминете сите изговори, ќе ги забележите придобивките од секојдневното вежбање.

Втора навика – дружење со нови луѓе

Комуникацијата е валутата на успешните луѓе и затоа секојдневно се трудат да ги шират контактите.

Трета навика – секојдневно медитирање

Успешните луѓе се грижат за своето ментално здравје подеднакво како и за физичкото. Може да медитирате 20 минути пред спиење или 10 минути по будење.

Четврта навика – читање корисни книги

Успешните луѓе не читаат романчиња за забава, туку книги од кои можат да научат нови информации и стратегии.

8-naviki-na-bogatite-lugje-koi-ke-vi-go-promenat-zivotot-za-180-stepeni-02.jpg

Петта навика – одредување на целите

За да можете да постигнете цели, мора прво јасно да ги зацртате. Дури и да не ги исполните сите запишани цели, сепак ќе може да увидите што сте завршиле тој месец или таа недела.

Шеста навика – носење едноставна облека

Бирањето на гардеробата може да ви одземе голем дел од времето, а може да го искористите попродуктивно. Затоа, набавете си „basic“ парчиња кои одговараат меѓусебно и скратете си ги утринските маки, кога всушност сте најпродуктивни.

Седма навика – евиденција на трошоците

Исто како и кај целите, важно е да видите каде ви одат парите и ништо да не сметате на памет.

Осма навика – рано заспивање и рано будење

Ќе ви требаат околу 3 дена за да го навикнете телото на новиот распоред на спиење, но ако ги издржите, нема да имате проблем понатаму со распоредот на обврски и продуктивноста.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg