Уловена најголемата риба

ulovena-najgolemata-riba-povekjeНа еден Британец кој го срушил светскиот рекорд, уловувајќи огромна риба- ража, му било потребна помош од тринаесет луѓе за да го извлече овој "звер" од реката.

 

 

Ражата тешка неверојатни 352 килограми, за малку не го потопила англискиот риболовец и истражувач Велч, кој одмарал на тајландската река Меконг заедно со група риболовци.

Ражата која ја уловил Велч прогласена е за најголема риба која е некогаш уловена во слатки води, долга преку 2 метри, а тешка преку 350 килограми.

Заедно со Велч, уште 13 риболовци околу час и половина ја извлекувале ражата од вода, а откако ја фотографирале и зеле примерок од нејзината ДНК - ја вратиле назад во реката.

ulovena-najgolemata-riba

"Ражата многу тешко може да се одвои од речното или морското дно, бидејќи се секогаш цврсто припиени и едноставно незнам како воопшто нам ни успеа да ја извлечеме од водата" - вели исцрпениот Велч.

Ражата е вид на риба која се одликува со сплоснато тело па затоа и уште е наречена риба лист или морски лист.

Животниот век и е околу 25 години, а земајќи во предвид дека очите им се сместени на горната страна на телото, а устата на долната, ражата не го гледа својот плен и жртвите ги лови со помош на сетилото за мирис.

ulovena-najgolemata-riba2

Некои видови на грбот имаат отровна перка која им служи за одбрана или пак поседуваат електричен орган кој може да предизвика силен електричен удар на жртвата.

Познат е случајот со австралискиот репортер Стив Ирвин кој во 2006 година почина од убод од ража додека ја снимаше својата емисија за животот во дивината.

Би можело да ве интересира:

Изела 2,5 kg компири пред да биде задушена: Смртта на Дона Дол е мистерија повеќе од половина век Дона Дол студирала руски јазик на универзитет во Илиноис кога исчезнала. Била на...
14 луѓе чии домови се похаотични од вашиот, ако ви е за утеха (фото) „Понекогаш водоводџијата и електричарот треба да се слушнат на телефон и да се д...
Моќно видео: Немажените сакаат брак, невработените - работа, паровите без деца - деца, но... Тие што се во брак размислуваат за развод. Тие што се сингл сонуваат да се ожена...
Не прават нова зграда без паркинг и уште 6 детали од животот во Јужна Кореја (што се подобри од кај ... Со секоја нова станбена зграда се прави гради и паркинг, а домовите се загреваат...
8 забавни илустрации - Kолку се разликуваат романтичните филмови од реалноста? Во филмовите, момчето и девојката стојат на дожд и си изјавуваат љубов, а во реа...
Која температура на водата е најпријатна за бањање во море (и кога е безбедно за бебиња и деца)? За возрасните, водата е најпријатна кога има 25-26 степени Целзиусови. Но, повеќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg