Спремни за интервју за работа?

spremni-za-intervju-za-rabota

Кога веќе ќе стигнете до селекција за работно место преку интервју, потребно е да сте подготвени и прибрани во текот на целиот разговор.

Ова се 10 работи на кои секогаш треба да посветите внимание.

Првиот впечаток е најважен и често пати одлучувачки!

1. Подготовка. Размислете за можните прашања и теми на разговор.

2. Облечете се соодветно и пристојно.

3. Следете го текот на разговорот, а не она што сте го подготвиле однапред. Не скокајте од тема на тема.

4. Следете ги невербалните знаци. Не е важно само што зборува работодавецот, туку и како.

5. Слушајте, а зборувајте ако ве прашаат.

6. Не бегајте од темата на поставеното прашање.

7. Немојте да лажете.

8. Не брзајте. Зборувајте со одредено темпо и без паника.

9. Пред да одговорите дајте си некоја секунда да размислите што ќе кажете.

10. По разговорот испратете мејл во кој ќе се заблагодарите што одвоиле време за вас без оглед на тоа како сте поминале на интервјуто.

Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg