Станете извонредни во она што го работите

stanete-izvonredni-vo-ona-sto-go-rabotite-01

Доколку навистина сакаме да станеме подобри во сите сегменти од животот, потребно е да донесеме пет важни одлуки. За жал, освен ние самите, никој друг не може тоа да го стори.  Еден од најпознатите американски филозофи изјавил: „Мора да преземете сопствена одговорност. Не можете да ги промените можностите, годишното време, ни ветерот, но може да се промените самите себеси.“

Одлука број 1 - Преземете одговорност!

Jack Clanfield во добро позната книга „Правила за успех“ сугерира да преземете стопроцентна одговорност за сопствениот живот. Преземањето одговорност значи дека покрај тоа што сме одговорни за сите пријатни моменти во животот, не смееме да ги обвинуваме луѓето околу нас за проблемите кои настануваат. Најчесто ги обвинуваме државата, родителите, пријателите, колегите, брачниот партнер или шефот. Меѓутоа, за да постигнете извонредност во сите аспекти од животот, прво мора да се откажете од сите изговори. Robert Resnick ја претставил одговорноста преку следнава формула Настан + Реакција = Резултат. Наједноставно кажано, секој резултат во Вашиот живот произлегува од реакција на одреден настан. Доколку не Ви се допаѓа резултатот, мора да ги промените Вашите реакции.

Одлука број 2 - Одберете го Вашето друштво!

Vince Lombardi вели дека самодовербата е заразна исто како и недостатокот од самодоверба. Доколку се дружите со погрешни луѓе, наскоро ќе ги преземете нивните навики, размислувања и ставови. Доколку сакате да станете незаменливи во Вашата работа, препорачувам да се дружите со позитивни, проактивни и успешни личности. На бел лист хартија наведете ги сите личности со кои сте се дружеле во изминатиов месец и со црвено пенкало заокружете кои од нив во Вас будат негативни чувства. Кога ќе го направите тоа, најдете начин да поминувате што помалку време со нив како би го намалите нивното негативно влијание врз Вашиот оптимизам.

Одлука број 3 - Бидете упорни и храбри!

Бидете храбри и не срамете се да побарате нешто за себе. Многу луѓе се откажуваат уште пред да побараат, без разлика дали станува збор за кафе со пријатели или пак за нова работа. Недостатокот на храброст е огромна препрека поради која луѓето не напредуваат во кариерата и во животот. Маркетинг експертот Herbert True посочува дека 44% од сите продавачи се откажуваат по првиот телефонски повик, а вкупно 94% по четвртиот повик. Од овие податоци ни станува јасно дека луѓето многу често се откажуваат на чекор пред успехот. Вештини, храброст и упорност се формула за успех во сите аспекти во животот.

Одлука број 4 - Прифатете ги промените!

Соочени сме со бројни промени на приватен и професионален план. Оние личности кои не ги прифаќаат промените го пропуштаат животот. Со промените не може да управуваме, но мора да се прилагодиме. Секоја промена (добра или лоша) мора да ја прифатиме како обичен настан кој ја надградува нашата мудрост. Во секоја лоша промена пронајдете нешто добро, а доколку не можете самите да го направите тоа, побарајте добронамерен коментар од Вашето семејство или пријателите кои Ве разбираат. Од секоја промена, извлечете го најдоброто за себе и подгответе се на останатите промени кои Ве очекуваат во текот на денот.

Одлука број 5 – Живејте и работете со ентузијазам!

Американскиот писател и есеист Ralph Ealdo Emerson совршено го формулирал значењето на ентузијазмот во животот: „ Ентузијазмот е  еден од најмоќните двигатели кон успехот. Кога нешто не е во ред, направете го по секоја цена. Внесете се комплетно во проблемот. Бидете активни, енергични, верни и полни со ентузијазам и остварете ја сопствената цел. Никој никогаш не постигнал високо остварување без ентузијазам“. Страста во животот и работата е видлива на прв поглед. Доколку сакате да бидете извонредни во кариерата и во животот воопшто, треба транспарентно да покажете дека уживате во секој чекор. Доколку ја добиете работата од Вашите соништа, верувајте ќе бидете најуспешни. Доколку уживате во некое хоби кое Ве исполнува, ќе зрачите со љубов. Доколку така се поставите во секој сегмент од животот, ќе Ве опкружуваат луѓе со исти размислувања, исти цели и намери. А што може подобро да посакате за остатокот од 2012 година?

Автор: Елвира Мливиќ Будеш (Хрватска),

водечки регионален консултант и главен уредник на tajnica.hr, говорник на Втората конференција за извршни асистенти, офис менаџери и деловни координатори во организација на Triple S Group

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg