Како на интервју за работа?

kako-na-intervju-za-rabota-povekjeНевербалната комуникација е значаен дел од животот и мора да знаете како да ја користите во различни ситуации. За почеток ви даваме неколку совети како...

 

kako-na-intervju-za-rabota

...да ја применувате за време на интервју за работа.

Насмевка и цврсто ракување

На почетокот на интервју за работа “ставете“ насмевка на лицетo и ракувајте се гледајќи го соговорникот право во очи, а стисокот на раката нека биде силен, но не премногу. Не е препорачливо да “зјапате“ во очите, носот и устата на соговорникот. Покажете ентузијазам заради тоа што се наоѓате баш во таа компанија. Добар контакт покажува почитување и интерес.

Бидете енергични

Колку повеќе енергија покажете, толку ќе бидете поинтересни. Но, секако треба да разликувате нервоза од задоволство. Не е препорачливо за време на разговорот да го допирате лицето, устата, носот или ушите.

Избегнувајте прекрстени нозе

Немојте да ги ставате нозете една преку друга. Овој став креира “ѕид“ измеѓу вас и соговорникот. Исто така, избегавајте прекрстување на рацете и прстите, затоа што на тој начин оставате впечаток дека ви е досадно и не сте заинтересирани за тематиката на која се разговара.

Исправено држење

Повлечете ги рамениците навнатре и седнете исправено. На тој начин оставате впечаток на личност од доверба, а и на вас таквата положба ќе ви овозможи правилно дишење за да ја намалите нервозата.

Би можело да ве интересира:

„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg