Како да зрачите со деловен оптимизам?

kako-da-zracite-so-deloven-optimizam

Постојат повеќе причини зошто луѓето не успеваат да го искористат својот потенцијал. Според истражувањето на Scott W. Ventrella најчести фактори кои го ограничуваат успехот се недостатокот на средства, поддршка од претпоставените, страв...

Како во период кога настануваат промени и се соочуваме со финансиска криза да го задржиме нашиот оптимизам? Одговорот на ова прашање не едноставен и зависи од личниот развој на секој поединец. Многу луѓе во последно време се чувствуваат неорганизирани и збунети во ново настанатата ситуација на пазарот. Премногу или премалку работа води кон појава на проблеми кај сите вработени во компанијата. Најголеми причинители на стрес и песимизам на работното место се тековните активности кои се менуваат побрзо за разлика од нашата стручност и вештини.

Позитивни карактеристики

Според Пеаловото истражување, лицата кои позитивно размислуваат ги поседуваат следните 10 карактеристики кои секој успешен деловен асистент треба да ги присвои:

  1. Оптимизам: Дури и во најтешките ситуации гледаат позитивен резултат од дадената ситуација или проблем.
  2. Ентузијазам: Позитивните личности се мошне мотивирани, заинтересирани за својата работа, полни со позитивна енергија и ентузијазам.
  3. Верба: Имаат комплетна верба во себе и во сопствените способности, веруваат во останатите или во некоја натприродна моќ која им дава потпора и ги насочува во зависност од потребите.
  4. Карактерност: Работат чесно и го организираат животот врз основа на отвореност и праведност.
  5. Смелост: Преземаат ризик и го надминуваат стравот кога останатите го избегнуваат дури и кога резултатот е неизвесен.
  6. Самодоверба: Позитивното размислување стои рамо до рамо со вербата во сопствените способности, можности и потенцијал.
  7. Одлучност: Упорно и неуморно настојуваат да ги остварат своите цели и планови.
  8. Стрпливост: Позитивните личности стрпливо ја чекаат вистинската прилика и се подготвени да почекаат за со сигурност да го остварат резултатот.
  9. Сталоженост: Без проблем остануваат смирени во секоја ситуација, размислуваат долго и  ги анализираат комплексните проблеми и предизвици со кои се соочуваат и преземаат соодветна и оптимална реакција
  10. Концентрација: Позитивните личности се постојано концентрирани и насочени кон остварување на поставените цели и приоритети во приватниот и деловниот живот.

За да ги анализирате овие карактеристики кај себе, потребно е да бидете комплетно искрени до кој степен ги поседувате. Според Wentrelli, во зависност од тоа дали поседувате премногу или премалку од наведените карактеристики значи дека:

  • Премногу оптимизам всушност води кон идеализам и делумно оддалечување од реалноста, а премалку кон негативност и песимизам
  • Премногу ентузијазам може да придонесе личноста да биде неискрена и лицемерна, а личноста со премалку ентузијазам  може да биде перципирана од останатите како досадна и незаинтересирана
  • Премногу карактерност води кон осудување од околината, додека спротивното води кон неетичност и непослушност
  • Доколку личноста е премногу смела може да реагира непромислено во одредени ситуации, а премалку смелост е знак дека личноста е уплашена  
  • Премногу самодоверба може да биде перципирана како ароганција, а премалку како слабост и несигурност
  • Доколку личноста е одлучна може да биде тврдоглава, а доколку не е одлучна може лесно да се откаже од поставените цели
  • Премногу стрпливост води кон неодлучност и поводливост додека премалку води кон непромисленост
  • Премногу сталоженост води кон немотивираност и мрзливост додека премногу може да доведе до немир
  • Премногу концентрација на одредена активност води кон кратковидност и нефлексибилност, додека премалку води до распрсканост и неорганизираност.

Она што може да го тестираме е сопственото однесување и размислување, свесно да одлучиме да ги промениме лошите навики и ставови и да прифатиме однесување кое позитивно ќе влијае врз нашиот живот. Изјавата на Eric Hoffer го потврдува ова и вели: „Никогаш не може да бидеме комплетно подготвени за нешто ново. Мора да се прилагодиме, а секое радикално приспособување доведува до намалување нашата самопочит: секојдневно дури и несвесно сме подложни на најразлични тестови и треба постојано и одново да се докажуваме.  Тоа бара одредена самодоверба за соочување со драстичните промени без внатрешен немир.“

Автор: Елвира Мливиќ Будеш (Хрватска),

водечки регионален консултант и главен уредник на tajnica.hr, говорник на Втората конференција за извршни асистенти, офис менаџери и деловни координатори во организација на Triple S Group

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
10 бон-тон грешки заради кои не напредувате во кариерата, низ илустрации Не ги критикувајте и не ги озборувајте колегите, внимавајте како комуницирате......

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg