Уредете ја канцеларијата по Фенг Шуи

Ако својата работна маса ја уредите според принципите на оваа стара кинеска мудрост, ќе си обезбедите хармоничен и просперитетен проток на енергија што пак ќе ви донесе повеќе деловен успех.

uredete-ja-kancelarijata-po-feng-sui

Најважен аспект при уредувањето на канцеларијата, велат стручњаците за Фенг Шуи, е опремувањето на работната маса.

Постојат утврдени правила како треба да биде позиционирана работната маса и како треба да се распоредат работите на неа:

- Никогаш не ја поставувајте работната маса така што да сте свртени со грб кон прозорецот затоа што на прозорецот му недостасува потпора.

- Немојте да седите така што вашиот грб да биде до врата бидејќи ќе бидете ранливи при напад.

- Не поставувајте ја работната маса спроти вратата бидејќи природната енергија од универзумот ќе ве надвладее.

- Најдобра позиција е онаа кога грбот ви е свртен кон ѕидот кој ќе ви биде сигурна потпора.

- Работната маса треба да ви биде во аголот од вратата и да гледа на слика со водени елементи, како што се риба, езеро или било кое уметничко дело со линии кои што потсетуваат на бранови.

- Според Фенг Шуи, свежото цвеќе во канцеларијата треба да го држите на источната страна, а на југоисток поставете мало зелено растение.

- Кактус, или други растенија со бодлиакви листови немојте да држите во канцеларијата бидејќи создаваат лоша енергија.

- За шоља кафе, или чај резервирана е северната страна, за компјутер северозападната, додека работната ламба или црвен предмет треба да стојат на јужната страна од канцеларијата.

Би можело да ве интересира:

Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg