Важни лекции за соработката со „тешките колеги“

На работа секојдневно се соочувате со тешки луѓе и кога морате да функционирате со некој кој на секој чекор дава отпор, тогаш знаете дека работите многу лесно може да излезат од контрола.

vazni-lekcii-za-sorabotka-so-teskite-kolegi-01

Што да направите и како да допрете до таквите луѓе и да го спуштите нивниот отпорен ѕид?

Секогаш ценете го нивното мислење

Ќе бидете изненадени од она што ќе го постигнете на овој начин. Една од причините поради кои луѓето даваат отпор е тоа што мислат дека другите не ги слушаат и не ги разбираат. Ако ги сослушате и ако го почитувате нивното мислење, ќе се почувствуваат важни, а тоа ќе биде добро за соработката со нив.

Размислувајте како нив

Поставете се на нивно место, барем за момент. Што сакаат? Да сте на нивно место како би се чувствувале? Ова е од голема помош, бидејќи многу луѓе гледаат само од еден агол – својот.

Не им се спротивставувајте

Ако се спротивставувате и другите ќе ви се спротивставуваат. Поминувајте повеќе време заедно за подобро да сфатите на кој начин тие гледаат на работите и прашајте ги за она што не го разбирате од тоа што го прават.

vazni-lekcii-za-sorabotka-so-teskite-kolegi-2
Кога слушате, навалете ја благо главата

За комуникацијата многу е важен говорот на тело. Кога ќе ја навалите благо главата, на луѓето им испраќате сигнал дека ги слушате внимателно. Овој мал трик и вас ќе ве наведе да слушате што ви се зборува.

Бидете отворени за сите лекции

Во повеќето случаи, постојат многу важни животни лекции кои треба да ги научите од зближувањето со проблематичните луѓе. Тоа ќе ви покаже во какви односи сте со луѓето воопшто, како постапувате во конфликтни ситуации и што предизвикува тоа кај вас. Обрнувајте повеќе внимание на она што ќе го научите, отколку на самата ситуација.

Побарајте помош

Ако постои некој кој може да влијае на проблематичниот колега, побарајте помош. Размислувајте неконвенционално и широко, па ќе забележите дека постојат повеќе начини за да дојдете до својата цел.

Поврзете се

Понекогаш можете да ја смените темата и да се согласите со проблематичниот колега  во врска со нешто што не е поврзано со работата. Преку тоа повремено согласување ќе воспоставите поинаква поврзаност. Откријте кои ви се заедничките работи и кога ќе можете истакнете ги.

vazni-lekcii-za-sorabotka-so-teskite-kolegi-1

Ублажете ја ситуацијата

Не дозволувајте да ве обземе негативност. Опширните одговори и меилови можат да преминат во тешки расправии. Немојте гласно и дрско да одговарате на неговото однесување кое не ви се допаѓа, туку слушајте смирено. На тој начин, вашиот колега со тежок карактер нема да се чувствува дека се наоѓа во ситуација во која треба да се брани и ќе смета дека го разбирате.

Променете го шаблонот

Луѓето сè почесто се однесуваат како роботи. Многу лесно се возбудуваме и често реагираме повеќе на сликата која сме си ја создале во главата, отколку на конкретната ситуација. Кога треба да се изборите со проблематичните личности отстапете од шаблонот и поставете му прашања кои не се поврзани со темата за која зборувате. Ова ќе ја неутрализира неговата ментална приказна, а вие ќе можете да ѝ пристапите на ситуацијата подиректно наместо одбранбено.

vazni-lekcii-za-sorabotka-so-teskite-kolegi-3

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg