Како да престанете да доцните на работа?

Често ви се случува да задоцните на работа и никогаш не можете да бидете точни? Доцнењето може сериозно да го наруши вашиот изглед и да ве сметаат за неодговорна личност.

kako-da-prestanete-da-docnite-na-rabota-01

Ова се неколку предлози како да ја решите оваа лоша навика:

Бидете точни

Колку и да сте способни, паметни или квалификувани за некоја работа, доколку доцните, сето тоа може да падне во вода. Ако мислите дека доцнењето не е толку важно, размислете повторно. Точноста е доблест колку и вие да ја сметате за неважна. Кога доцните, на оние кои ве чекаат им испраќате порака дека не се доволно важни, дека сте неорганизирани и неодговорни. Дали вие сакате такви луѓе како соработници?

Телефонски повик на чекање, пошта на која треба да се одговори, состаноци на кои треба да се отиде – милион обврски, а со сето тоа и причини за доцнење.

Точноста влева доверба, покажува дека го цените туѓото време и дека нешто или некој ви е важен. Хроничното доцнење ве покажува како личност која мисли дека нејзиното време и нејзините обврски се поважни од туѓите.

Покажете дека сте одговорни

Времето е релативно, особено кога се работи за професионални обврски. Вашите надредени и колегите треба да знаат дали може да сметаат на вас. Точноста е единствен начин да им покажете дека сте одговорни, посветени, организирани и успешно се справувате со дадените задачи. Наспроти тоа, трчањето по ходници и влегување во канцеларија без здив, ќе биде доволно за да бидете запаметени како хаотични личности, на кои никој не може да се потпре.

kako-da-prestanete-da-docnite-na-rabota-1

Точноста го намалува стресот

Доцнењето може да биде многу стресно. Ако без престан брзате и трчате по обврските, не само што ќе бидете под постојана тензија, туку ќе се чувствувате и малку бедно бидејќи одново и одново се доведувате себе во непријатна ситуација. Наместо да паничите дека стрелките на часовникот отишле предалеку, потрудете се да дојдете на време за целото внимание да го насочите кон она што е важно – вашата работа.

Како да станете личност која доаѓа на време?

Немојте да го претрупувате вашиот распоред. Потрудете се помеѓу обврските и задачите да оставите 10 до 15 минути време во случај да се случи нешто неочекувано, како што е метежот во сообраќајот, барањето паркинг, телефонски повик или состанок кој се раздолжил.

Дополнителните обврски завршете ги на време. Наполнете го резервоарот, остварете ги сите повратни повици пред следниот закажан состанок, не оставајте ништо на случајност. Исто така, проверете дали имате доволно пари во себе доколку нешто попатно бара плаќање во готово, за да не губите драгоцено време на банкомат.

Наместете го часовникот 5 до 10 минути понапред

Визуелно забележување на доцнењето е силно предупредување и го тера телото да забрза.

kako-da-prestanete-da-docnite-na-rabota-2

Навечер подгответе се за утрешниот ден

Пред спиење проверете ги забелешките, материјалите за работа, подгответе си облека, прегледајте ги обврските. Чувајте ги клучевите, паричникот и очилата на видливо место за да не брзате и да ги барате насекаде секое утро.

Користите аларм и потсетник

Нека ви биде наместен потсетникот на компјутер и телефонот на алармот барем час време пред состанокот, за да не останете неподготвени или да избрзате.

Научете да кажете не

Прифаќањето на многу обврски, повеќе од она што можете да завршите ќе ви донесе само поголеми фрустрации и ќе ве принуди на доцнење. Запомнете дека и вашето време е ограничено и драгоцено, затоа распоредете го на правилен начин. Подобро е да одбиете дополнителна работа, отколку да доцните и со редовната.

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg