Зошто да не останувате прекувремено на работа?

Во трката за пари, кариера, успеси понекогаш се забораваме себе и нашиот приватен, социјален живот. Работата ни станува преокупација, главна цел и дејност во секојдневието.

napushtete-ja-kancelarijaat-na-vreme-01

При тоа, забораваме на некои клучни работи на кои веројатно ќе се сетиме кога неповратно ќе ги загубиме. Нашето здравје, семејство и пријателите се трите најважни работи кои треба да ги поставиме пред работата.

За да поставите ред во вашиот живот мора да почнете со поставување на границите пред сè на работното место, кое секојдневно во денот ви одзема 8 часа, но не повеќе:

1. Работата е процес кој никогаш не завршува. Тоа трае и никогаш не може да биде комплетно завршена.

2. Интересот на клиентот е важен, но и на твоето семејство, исто така.

3. Ако паднеш во животот, ниту твојот шеф ниту клиентот нема да ти помогнат, но твоето семејство и пријателите, да.

4. Животот не се состои само во работата, канцеларијата или клиентите. Има уште многу работи кои треба да се живеат. Ти треба време да се социјализираш, забавуваш, да се одмориш и да вежбаш. Не дозволувај животот да ти биде безначаен.

napushtete-ja-kancelarijaat-na-vreme-3

5. Личноста која останува подоцна во канцеларија не е највредна личност. Всушност, таа личност не знае да си ја организира работата без дополнително време. Таа е губитник кој нема приватен или социјален живот. Недоволно компетентна личност и на работното место.

6. Не учевте во животот за да се претворите во машина.

7. Ако вашиот шеф ве принудува да работите до доцна, можеби и тој има бесцелен и незначаен живот, исто така. Тогаш, укажете му некако на правилавa:

- Напуштањето навреме на канцеларијата подразбира: ефикасност, добар социјален живот, квалитетен семеен живот

- Напуштањето на канцеларијата подоцна подразбира: неспособност, немање социјален живот и помалку време за семејството.

napushtete-ja-kancelarijaat-na-vreme-1

Размислете следниот пат кога се затрупувате во работата до доцна во ноќта. Останувањето околу половина час плус е максимум дозволено доколку навистина ви е потребно уште малку време за да завршите нешто неодложно, но сè што ви одзема повеќе време веќе го загрозува вашиот живот.

napushtete-ja-kancelarijaat-na-vreme-2

Работата ќе биде завршена порано или подоцна, вас ќе ве чека и следниот ден. Немате дополнителни часови за живот, повеќе од вашите клиенти.

napushtete-ja-kancelarijaat-na-vreme-4

Дури и ако сметате дека немате што да правите дома или во вашето слободно време, верувајте дека тоа е само лош изговор и недостаток на време. Доколку го имате на располагање целото време по работните обврски ќе имате многу повеќе идеи како да го исполните за да ви биде забавно, интересно или релаксирачко.

napushtete-ja-kancelarijaat-na-vreme-5

Само треба да си го дозволите. А вашиот живот, зависи само од вас. Никој друг не смее да ви го уредува животот по законското работно време. Бидете господари на сопствениот живот и сопственото време. Така и вие повеќе ќе се вреднувате, ќе бидете посреќни, а и останатите ќе ве почитуваат и вас и вашето време.

napushtete-ja-kancelarijaat-na-vreme-6

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg