Завршете ги прво вашите обврски, потоа размислувајте за другите

Сите ние си имаме свои задолженија, како на работа, така и дома, но не многу ретко знаеме да направиме екскурзии и да се „позанимаваме“ со задолженијата на другите, а нашите да ги занемариме. И сè е тоа во ред сè додека нашите задолженија не се завршени на време и правилно.

zavrsete-gi-prvo-vasite-obvrski-potoa-razmisluvajte-za-drugite-01

Има многу работи кои влијаат на тоа, но мислам дека моментот на „туѓото е послатко“ е она што нè влече да се зафатиме со туѓите работи, па дури после тоа нашите.

И сето тоа мешање во туѓите работи, незавршување на своите, влијае како на вас, така и на самата средина во којашто сте.

Влијае на вашата самодовербата, но и на самодовербата на вашите колеги, пријатели, брачни другари итн.

Не велам дека не треба да се помогне, туку сакам да обрнам внимание на завршување на своите обврски и задолженија. А не, помагаме на сите, а тоа што ние треба да го завршиме го оставаме последно или го завршуваме површно. Е, па тоа не е во ред.

zavrsete-gi-prvo-vasite-obvrski-potoa-razmisluvajte-za-drugite-2

Еве ви неколку совети како да се држите до вашите задолженија, па дури потоа на туѓите:

-Правилна работна позиција – можеби ќе треба да поразговарате со тој/таа што ви ги доверил задолженијата за тоа дали тие се прифатливи за вас, односно дали сте вие за тие задолженија.

- Фокус – бидете фокусирани на она што го работите и на вашите задолженија, со тоа што ќе дадете максимум од вас. Дополнително на ова, фокусирајте го целосно вашето внимание на она што го работите. Немојте да бидете површни.

- Сигурност – бидете сигурни во себе и во она што ви е дадено како задолжение. И да згрешите, не е крај на светот. Но, гледајте да грешите што помалку.

- Нека не ве интересира што прават другите, ако вие не сте ја завршиле вашата работа.

- Емоции – научете се да ги контролирате емоциите и мислите. Тоа ќе ви помогне многу да бидете фокусирани на она што го работите.

- Максимум од себе – давајте максимум од себе за сè што работите, па дури и за оние задолженија кои не ви се баш по ќеиф.

- Имајте листа на задолженија пред вас и гледајте да се држите до неа. Тоа ќе ви помогне да се држите до вашите задолженија, а не до туѓите.

- Стрес – контролирајте го стресот затоа што тој може да ви го одвлече вниманието од вашата работа.

И јас тука можам да ви напишам уште мал милион совети како да се држите до вашите задолженија, но, сепак најважно е: Прво средете си го вашиот двор, па мешајте се во дворовите на другите околу вас.

zavrsete-gi-prvo-vasite-obvrski-potoa-razmisluvajte-za-drugite-1

Со успех во промените,

Калин Бабушку
Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-consulting.com
www.macedonia-export.com

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg