Едноставни утрински навики за да го издржите работниот ден

Наместо да се будите наутро со помислата каков ден ве чека и што сè треба да направите, воведете некои утрински рутини за да си го олесните денот уште во првите моменти. Дајте си доволно време, организирајте се и почнете го денот со уживање и добро расположение.

ednostavni-utrinski-naviki-za-da-go-izdrzite-rabotniot-den-01

1. Почнете го денот со некоја одлука

Многу студии се согласуваат со тоа дека денот треба да се започне со позитивна одлука која ќе ви помогне да се изборите со стресот и полесно да ги решавате проблемите. Ако не знаете од каде да почнете, пробајте со нешто едноставно и убаво како: „Ќе имам прекрасен ден“ или „Ќе се ослободам од напнатоста која ја чувствувам во присуство на шефот“.

2. Додека се подготвувате, концентрирајте се на дишењето

Свесната медитација го ублажува стресот и анксиозноста, но тешко ќе најдете време за неа. Затоа се препорачува да медитирате додека правите нешто друго што не бара премногу внимание. Додека се шминкате или миете заби, вдишете пет секунди, па потоа издишете за 5 секунди.

3. Ограничете си го времето

Проценете колку време ви е потребно за да завршите некои работи наутро. Многумина мислат дека им треба помалку време за некои работи, а потоа доцнат. Согласете го будењето со потребното време.

ednostavni-utrinski-naviki-za-da-go-izdrzite-rabotniot-den-2

4. Додадете си уште 15 минути

Кога ќе сфатите колку време ви е потребно за да се подготвите  на тоа додајте уште 15 минути. Многу луѓе прават грешка што не си оставаат вишок време, па наутро брзаат и трчаат за побрзо да се подготват. Само 15 минути плус ќе ви го намали стресот и ќе ви даде време да се справите со некоја неочекувана ситуација и ви дава можност да поткаснете нешто. За секои дополнителни 15 минути наутро, легнувајте си 30 минути порано.

5. Слушајте весела музика

Составете листа од песни кои ве развеселуваат и пуштете си музика додека се туширате, пиете кафе или додека се облекувате. Ако утрото го почнете со насмевка ќе бидете подобро расположени во текот на целиот ден, а и на луѓето ќе им биде поубаво во ваше друштво.

6. Спакувајте се однапред

Сигурно ви е тешко да мислите на утринскиот неред откако ви завршил напорниот ден и едвај чекате да уживате во мир и тишина. Но, најдобро би било сè што ви е потребно за утрото, да го подготвите од вечерта. Одберете облека, спакувајте си ручек, а по можност и појадок. На тој начин ќе заштедите и време и пари.

7. Протегнете се

Утринското вежбање ве одржува енергични и продуктивни, но ако не можете да вежбате наутро, од корист ќе ви бидат и само неколку минути со вежби за истегнување.

ednostavni-utrinski-naviki-za-da-go-izdrzite-rabotniot-den-1

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg