Како Бил Гејтс, Стив Џобс и Хенри Форд ги направиле милијардите?

Патот кон успехот никогаш не е постојан. Полн е предизвици, вивнувања и падови, па затоа секој успешен човек со себе носи приказна.

kako-bil-gejts-stiv-jobs-i-henri-ford-gi-napravile-milijardite-01.jpg

Ова се 5-те приказни на 5-те планетарно познати луѓе ценети по успешноста и богатството:

Хенри Форд - До богатство со поддршка на градоначалникот

Хенри Форд во 1898 година го патентирал карбураторот и успеал да ги освои симпатиите на тогашниот градоначалник на Детроит.

Нешто подоцна храбриот Форд, со поддршка на градоначалникот, успеал да собере група инвеститори кои вложиле 150.000 долари во создавање на автомобилската компанија во 1899 година со седиште во Детроид.

Тој ја искористил оваа шанса и започнал масовно произведување на автомобили.

kako-bil-gejts-stiv-jobs-i-henri-ford-gi-napravile-milijardite-02.jpg


Бил Гејтс - Договор со
IMB

Во 1980-та година Бил Гејтс го напуштил Харвард и се обидел да се пробие на пазарот со својата мала компанија Мајкрософт.

Тогаш следела неговата шанса - договор со IMB.

IMB имала за цел да направи евтин компјутер, а на Гејтс му било препуштено да го изработи оперативниот систем.

kako-bil-gejts-stiv-jobs-i-henri-ford-gi-napravile-milijardite-03.jpg


Стив Џобс - Судбинско влегување во продавница за електронска опрема

Во едента 1975 година, Стив Џобс забележал дека сите негови пријатели купуваат компјутери кои сами ги склопуваат за домашна употреба.

Го запрашал својот пријател Стив Вознаик дали би сакал да направат една компонента која би ја продавале на компјутерските зависници, во тоа време за 50 долари.

Од секоја компонента, тие двајца би имале заработка од 25 долари.

Се обидел да продава готови компоненти во една продавница за електронска опрема, меѓутоа она што сопственикот му го кажал му го променило животот.

Тој не сакал да ги откупи компонентите, но бил подготвен да плати 500 долари за секој склопен компјутер, па сакал во старт да порача 50.

Џобс ја искористил можноста да заработи многу повеќе пари отколку што првично планирал. Така е роден Apple.

kako-bil-gejts-stiv-jobs-i-henri-ford-gi-napravile-milijardite-04.jpeg


Лари Пејџ - Препознавање на добра идеја

Пред 2002 година Google речиси немал никаков профил. Сè додека основачите Лери Пејџ и Сергеј Брин не слушнале за сајтот Goto.com кој го основал бизнисменот Бил Грос.

Грос имал нешто што тие двајца немале - заработка.

На неговиот сајт компаниите плаќале нивните веб страни да се појавуваат на врвот на пребарувањата, според одредени клучни зборови.

Користејќи ја неговата идеја, Пејџ и Брин направиле сопствен механизам наречен AdWord Select, благодарение на кој Google почнал да заработува.

kako-bil-gejts-stiv-jobs-i-henri-ford-gi-napravile-milijardite-05.jpg


Хауард Шулц - Кафулиња на секое ќоше

Популарниот Старбакс некогаш бил само обичен увозник за кафе, се додека неговиот сегашен сопственик не излегол од една конференција во Милано, во 1983 година.

Шетал низ градот, а каде и да тргнел гледал кафулиња. Забележал дека само во Милано има околу 1.500 вакви локали, дека се наоѓаат на секој агол, но и покрај тоа се преполни.

Тогаш сфатил дека во кафето се ужива со друштво. Во овој момент се родила идејата Старбакс да прерасне во кафуле кое ќе ги спојува овие две задоволства.

Денес Старбакс е бренд присутен во 65 земји ширум светот. Меѓутоа, интересно е што Старбакс нема во Италија - земјата во која се родила неговата идеја.

kako-bil-gejts-stiv-jobs-i-henri-ford-gi-napravile-milijardite-06.jpg

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
6-те тајни на успехот (кои секоја амбициозна личност ги знае) Кои се тајните на успешните луѓе? Правило број 1: Успешните луѓе не веруваат во ...
Знаци дека сте „прегорени“ од работа и како да се справите со овој проблем Поставете граници и немојте да ги прескокнувате паузите за ручек – што да правит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg