Како полесно да ги организирате утринските навики?

Ако не сте утринска личност, борбата за да станете од кревет може да биде вистински предизвик. Дури и да сте утринска личност, понекогаш ви е мака да ги отворите очите наутро.

kako-polesno-da-ja-organizirate-utrinskite-naviki-01

Ние подготвивме неколку практични совети кои ќе ви помогнат да ги олесните вашите утрински навики.

Не кликајте „snooze“

Се лажете себеси ако мислите дека дополнителни 10 минути ќе ви направат голема разлика. И да успеете повторно да заспиете, само потешко ќе ви биде да станете кога алармот повторно ќе се јави.

Стекнете навика да станете од креветот во моментот кога ќе зазвони алармот и ќе имате подобар и поефективен почеток на денот.

kako-polesno-da-ja-organizirate-utrinskite-naviki-1.jpg

Решете што ќе облечете наутро уште претходната вечер

Многумина наутро трошат скапоцено време двоумејќи се што да облечат. Наместо секое утро да се нервирате пред отворениот гардеробер, од вечерта проверете ја временската прогноза за наредниот ден и според тоа одберете ја гардеробата.


Подгответе ладен појадок

Не си го комплицирајте животот со подготвување комплицирани појадоци. Ладниот појадок се подготвува побрзо и најчесто е многу поздрав.

Исечкајте овошна салата, направете цереали со млеко, тостови... Обилниот појадок оставете го за во оние денови кога нема да брзате.

kako-polesno-da-ja-organizirate-utrinskite-naviki-3.jpg

Најдете им посебно место на секојдневите ситници

Да не трошите време наутро барајќи каде ви се клучевите, паричникот, телефонот, ташната, чадорот итн, направете посебно место за нив.

За клучевите може да направите посебна закачалка, на чадорот најдете му место во некоја определена фиока близу до вратата, чантата секогаш оставајте ја на едно место во шкафот. Буквално ќе заштедите часови и часови со тоа што нема секој ден по 10 минути да трчате низ домот барајќи си ги клучевите.


Искористете го патувањето

Во зависност од тоа како патувате, искористете го преостанатото време во ваша полза. Ако сте сопатник во автомобил, може да појадувате додека се возите или пак тогаш да се шминкате. Ако се возите со автобус, можете на телефон да го проверите мејлот. 

kako-polesno-da-ja-organizirate-utrinskite-naviki-2.jpg

Би можело да ве интересира:

„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg