Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


5 причини зошто не треба да имате детален животен план

Колку пати до сега сме ги слушале блиските како се жалат дека не сакаат да заглават до крајот на животот на работно место кое го мразат. Проблемот е што многу малку луѓе превземаат нешто конкретно по тоа прашање.

5-pricini-zosto-ne-treba-da-imate-detalno-isplaniran-zivoten-plan-0

Време е да престанеме секогаш да го одбираме посигурниот пат. Треба да ги тргнеме сите оправдувања на страна и со полет да се фрлиме на тоа што навистина сакаме да го работиме.

За да водиме успешно ваков животен стил, важно е веднаш да се ослободиме од животниот план бидејќи ако секогаш имаме резервен „план Б“, се губи целта и смислата на „планот А“. Треба да го правиме тоа што навистина го сакаме без фамозното „а што ако“ бидејќи токму тоа „ако“ не држи во место.

Ако ви недостасува мотивација, следат 5 причини кои ќе ви помогнат да се активирате:


1. Ќе ја откриете вистинската страст кон работата

Кога конечно ќе прифатите дека животот никогаш нема да се одвива онака како што вие сте си замислиле, ќе се почувствувате слободни да ги истражите сите области кои ве интересираат. Кога ќе тргнете по неистражениот пат, ќе бидете во можност да ги реализирате соништата, без разлика дали знаете за што точно сонувате. Од што сме толку оптоварени со очекувањата на општеството од нас, тешко ни е да дознаеме кои се всушност нашите соништа.


2. Ќе чувствувате помал страв од неуспех

Ако семејство очекува од вас да станете хирург или успешен адвокат, вие ќе го насочите образованието во тој правец, но без доволно страст за таа работа резултатите секако ќе изостанат.

Кога ќе се препуштите на тоа што ве интересира само вас, стравот од неуспех ќе исчезне бидејќи вие повеќе ќе немате детално исцртан животен план кој мора да го реализирате. Меѓутоа, за да може да живеете на овој начин, важно е да ги прифатите ризиците и да го надминете стравот од непознатото. Мора да се помирите со сознанието дека заедно со понудите и можностите пристигаат и пречките и одбивањата. Токму овие непредвидливи случувања го прават животот интересен. Кога не знаете што ќе се случи, ќе и се посветите максимално на работата.


3. Не останувајте на работно место кое го мразите

Денеска луѓето се опседнати да најдат работа која ќе им донесе што повеќе пари. Секако дека парите се важни но тие не би требало да го диктираат целиот ваш живот. Ако дозволите идејата за богатење да надвладее, големи се шансите дека целиот работен век ќе го поминете заглавени на работно место кое го мразите од дното на душата.

Многу е тешко да се најде работа каде ќе одите среќни но важно е никогаш да не се откажете од надежта - листајте огласи за работа, надградувајте го знаењето, ширете ги познанствата...


4. Ќе имате безброј различни опции за иднината

Кога ќе го скинете вашиот детално разработен животен план на ситни парчиња и ќе му се препуштите на тоа што навистина ве исполнува. Најмногу ќе ве израдува сознанието дека вашето патување нема однапред испланиран крај.

Штом сакате нешто, направете се што е потребно за тоа да го остварите. Еднаш кога ќе го прифатиме непознатото, прашањето за иднината останува отворено, нема точен или погрешен одговор.

5-pricini-zosto-ne-treba-da-imate-detalno-isplaniran-zivoten-plan-1

5. Возбудата ќе ви се врати

Прифаќањето на непознатото воопшто не е едноставно но никогаш не е предоцна да се обидете. Денеска толку сме окупирани со плановите што имаме заборавено како е да се биде спонтан. Понекогаш, се што е потребно за да бидеме среќни е да излеземе од школката и да направиме нешто сосема непланирано.

Најубавите работи во животот секогаш се случуваат тогаш кога најмалку очекуваме.

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg