Лидер на работното место

lider-na-rabotnoto-mesto-povekjeПозицијата лидер не е за секого. Некои луѓе се плашат од неа, некои ја злоупотребуваат, а некои пак цел живот се трудат да ја достигнат. Има и луѓе кои...

 

...се родени да бидат лидери. Но, затоа има и луѓе кои колку и да се трудат никогаш нема да бидат лидери.

Што треба да знаете за да може да бидете лидер на работното место?

1. Научете се да ги слушате другите. Добриот лидер е инвентивен и смислува корисни идеи. Но, вистински лидер е оној кој ги слуша и ги зема во предвид и идеите на своите колеги. Така ќе биде почитуван. Не сте секогаш ВИЕ во право. Ценете го туѓото мислење!

lider-na-rabotnoto-mesto

2. Изградете сопствен став. Вистинскиот лидер секогаш има сопствен став, за она што го опкружува. Покажете дека сте заинтересирани и за останите позиции.

3. Заштитувајте ги своите позиции. Не дозволувајте да се најдете во ситуација да дискутирате тврдоглаво и без факти. Ќе покажете несигурност и луѓето ќе немаат целосна доверба во вас.

4. Подобрете ги своите комуникациони способности. Ефективен лидер е оној кој знае да ги искаже своите идеи и ставови на јасен и разбирлив начин.

5. Бидете позитивно настроени. Вистинскиот лидер ги обединува луѓето околу себе со своето добро расположение. Само ако сте позитивни, луѓето ќе се чувствуваат пријатно во ваше присуство и ќе можат отворено да комуницираат со вас. Позитивните личности се ценети надалеку.

6. Заборавете што е егоизам. Лидер е човек кој не мисли само за себе и за сопствените интереси. Колегите се мошне важен фактор за вашиот успех. Не го заборавајте овој факт никогаш!

Лидерите се луѓе кои се ценети, почитувани. Ако сакате да ја имате оваа позиција на работното место, погрижете се да се држите до правилата наведени погоре.


Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg