Заљубете се во работата

Сите понекогаш се чуствуваме како заробеници во сопствената работа, се будиме наутро и со мака се подготвуваме за работниот ден кој штотуку...

 

... започнал.

Но, психологот Тимоти Шарп тврди дека со малку труд можете да ја засакате својата работа и со насмевка да седите во работното место.

zaljubete-se-vo-rabotata

"Нормално дека не можеме сите да бидеме 100% среќни цел ден, но можеме да бидеме задоволни", вели Шарп.

Психологот советува најнапред да бидете благодарни што воопшто имате работа, а тогаш да се фокусирате само на добрите страни на работата која ја извршувате.

"Многу од нас се фокусираат на лошата страна на работата, што не е во ред. Иако ќе наидете на колеги кои нема да ви се допаѓаат, секако дека има и од оние со кои радо би си помуабетеле, ќе се напиете кафе и ќе си поразговарате.

Немојте постојано да се жалите, а да не превземате ништо за подобрување на ситуацијата и адаптирање во средината", објаснува Шарп.

"Потсетете се на целите на вашата работа и така самите ќе се мотивирате", нагласува психологот.

Исто така, луѓето често се заморуваат со неважни работи за кои понекогаш сметаат дека се важни, а не се ни нивна грижа.

"Не се откажувајте од работата, но не работете бескорисни работи кои ги мразите. Така ќе се чуствувате многу подобро", заклучува Тимоти Шарп.

Би можело да ве интересира:

Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg