Забранети интервју прашања

prasanja-zabraneti-na-intervju-povekjeКога на крајот на интервјуто ќе ви го постават фамозното прашање: “Имате ли некакви прашања за нас?“,  последна работа која смеете да ја кажете е “не“.

 

Но, тоа можеби ќе ви биде најдобра опција ако немате идеја што да прашате, затоа што некои прашања е подобро да ги прескокнете.

Ова се неколку несоодветни прашања кои никогаш не би смееле да ги поставите. Освен, ако не ја сакате работата:

prasanja-zabraneti-na-intervju

1. Со што точно се занимава вашата фирма?

Тоа би било добро прашање пред 50 години кога не постоел интернетот.

Денес ваша задача е да ја истражите фирмата пред да заминете на интервју. Мора да знаете со што се занимава, кој и е конкуренција и што оствариле.

2. Кога ќе добијам покачување?

Фирмите не сакаат да не ги наградуваат своите вработени, но не сакаат ниту да даваат преголема плата.

На место да поставите прашање за покачување уште пред да ја добиете работата, подобро е да прашате дали прават анализа на вработените и нивните остварени резултати секоја година.

3. Кои автобуси возат до овде?

Колку и да е релаксирано интервјуто, ова прашање не е на место. Работодавецот не го интересира како доаѓате на работа се додека сте точни.

4. Колку брзо може да се префрлам на друго работно место?

Со ова порачувате “си одам од тука прва прилика“. Ако ви се допаѓа работата прифатете ја.

Ако не е за вас – почекајте друга прилика. Секој работодавец ве држи на едно место барем една година пред да одобри интерен трансфер.

Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg