Соодветен изглед на интервју

Првиот повик за разговор за работа е вашата шанса да се покажете во што подобро светло. Иако првиот впечаток не е доволен за целокупната слика, сепак...

 

...при барањето работа првиот впечаток е клучен.

Затоа, покрај психичката подготвеност, треба добро да обрнете внимание и на деталите околу пренесување на секој детал кој говори за вашата личност.

1. НЕ претерувајте со модни додатоци!

Модните додатоци во секој друг случај се навистина интересни, но, на интервју за работа може да пренесат поинаква порака.

Пред да излезете од дома, погледнете се пред огледало. Секој детал кој премногу привлекува внимание - извадете го.

Не одите да истерате мода и стил, напротив - треба да изгледате собрано и прибрано, тоа е еден од кодексите за на работа.

2. Одберете фризура која ќе ја сработи работата за вас!

Внимателно одберете ја и фризурата за оваа прилика. Не сакате да испробате нешто ново што ќе ве натера да се чувствувате несигурни, и секако немојте косата премногу да ви паѓа на лице, бидејќи тоа дополнително ќе ве оптерети.

Допирањето на косата ќе остави впечаток дека вие сте несигурни, па затоа направете фризура која е едноставна, која ви прилега и која 'ќе седи мирна' додека вие ја одредувате својата идна кариера.

izgledajte-soodvetno-na-intervju

3. Одберете соодветна шминка!

Шминката треба да биде во природни тонови и дискретна. Избегнувајте нападна шминка и упадливи бои. Имајте на ум дека ова не е состанок со момче на кое треба да му се допаднете, туку е сериозна ситуација која можеби драстично ќе го смени вашиот животен стил.

Треба да ја пренесете пораката дека вие сте природни и вешто да ја нагласите вашата природна убавина која ќе се надополни со она што имате да го кажете. Покријте ги недостатоците и претворете ги во позитивна конотација. 

4. Средете ги ноктите

Колку и безначајно да ви се чинат ноктите во таа ситуација, сепак верувајте дека тие значајно влијаат на впечатокот кој ќе го оставите.

Користете нежни, пастелни бои за да не го привлчете сето внимание кон нив, наместо кон својот карактер.

5. Собирајте информации!

Секој сака да слушне нешто корисно и уникатно што ќе ве одвои од останатите кандидати. За совршено да го комплетирате своето претставување, не заборавајте да научите кратка истоија за фирмата во која одите на интервју.

Запонајте ги нивните начини на работа, нивната дејност и покажете дека сте посветиле доволно внимание истражувајќи.

Поставете клучни прашања кои се однесуваат на позицијата за која аплицирате.

Би можело да ве интересира:

Знаци дека сте „прегорени“ од работа и како да се справите со овој проблем Поставете граници и немојте да ги прескокнувате паузите за ручек – што да правит...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
6-те тајни на успехот (кои секоја амбициозна личност ги знае) Кои се тајните на успешните луѓе? Правило број 1: Успешните луѓе не веруваат во ...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg