Колку навистина треба да трае енергизирачката дремка?

Енергизирачките дремки (power naps) се краткотрајни, но наменети за кратко време да ја обноват енергијата и да ги вратат мозокот и телото во готовна состојба за работа.

kolku-navistina-treba-da-trae-energizirachkata-dremka-001.jpg

Исто така, енергизирачката дремка може да го подобри професионалниот перформанс, но и да ги намали несаканите грешки кои може да се направат кога мозокот и душата буквално спијат, а концентрацијата е на најниско ниво.

Циклусот на дремката

Ако сте работник кој работи во смени, тогаш преспивањето е многу важен елемент, особено кога треба да работите доцна попладне или во текот на ноќта. Секако, овие енергизирачки дремки се кратки, најчесто до 30 минути и значително ги подобруваат и концентрацијата и меморијата. Но, доколку работата и времето ви дозволуваат, најдобро е преспивањето да трае околу 90 минути, бидејќи тогаш освен што се одморате, ви се подобрува и креативноста.

Доколку тоа не е можно, обидете се да отспиете 90 минути пред втората или ноќната смена.

Каде да дремнете?

Вистински проблем додека сте на работа, е да се најде локацијата каде ќе затворите очи, без тоа да биде преочигледно за колегите и претпоставените. Ова е особено тешко во отворениот тип на океански канцеларии. Но, во многу големи корпорации веќе се применува местењето на удобни фотелји и душеци токму за оваа намена.

Сепак, спиењето на работно место и понатаму е табу-тема, како кај работодавецот, така и кај колегите кои успеале да имаат лесен и квалитетен сон и на кои ретко им се случува да им се приспие или да изгубат концентрација во текот на работното време.

За барем малку да си помогнете, отидете во просторијата за пауза или пак, неколку минути замижете и потпрете ја главата на рацете. Подобро нешто отколку ништо, нели?

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg