Три начини како да не го изгубите умот во токсична работна средина

Иако најдоброто решение против токсичната работна средина е да го напуштите тоа место, таа опција не секогаш можна во истиот момент. Некогаш е потребно само уште малку да издржите, без да го изгубите здравиот разум.

tri-nachini-kako-da-ne-go-izgubite-umot-vo-toksichna-rabotna-sredina-01.jpg

Често, на работното место се соочуваме со нездрава работна атмосфера и ужасни колеги, кои се служат со мизерни методи за да дискредитираат некој друг. Ако во текот на работниот ден често сте вознемирени од расправии и напорна атмосфера, нешто треба да смените.

Не ја исклучувајте можноста дека наскоро и вие можете да им бидете жртва на ваквите колеги и претпоставени. Затоа, подгответе се добро, за спремни да го дочекате нападот. Во меѓувреме, разгледувајте ги активните огласи во други компании.

Избегнувајте ги

Најдобар начин да се изборите против проблемите на работа е воопшто да не се впуштате во нив. Заобиколувајте ги токсичните колеги, намалете го контактот со нив и комуницирајте само по службена линија.

Најчесто, целта на овие луѓе не е да ви бидат ментори или да ве научат на нешто корисно. Тие само сакаат да ве претворат во она што се и самите - нарциси и емоџионални вампири кои се секогаш подготвени да го бранат своето, дури и кога е видливо погрешно и ја води работата кон пропаст.

Поместете го бирото понастрана, поминувајте повеќе време на состаноци надвор или пак, најдете сојузник меѓу колегите кој ќе ви помогне да издржите. Размислете дури и да пријавите кај претпоставениот.

tri-nachini-kako-da-ne-go-izgubite-umot-vo-toksichna-rabotna-sredina-03.jpg

Употребете трикови над умот, особено над својот

Понекогаш е доволно да се смени перцепцијата за некоја ситуација и да воочите дека всушност и не е нешто што не можете да го издржите.

Размислувајте за оние кои ја создаваат лошата атмосфера како за луѓе кои немале доволно среќно детство или како за некои на кои дома не им се вреднува мислењето. Не дека сето тоа е вистина, но доколку се убедите себе дека е така, полесно ќе ги поминувате деновите на работа, најблаго кажано, сожалувајќи ги таквите луѓе.

Најважно во ваквите ситуации е да го прегризате јазикот, особено ако знаете дека се работи за луѓе кои се умилкуваат кај претпоставените. Бројте до 100 ако треба, но не покажувајте слабост која лесно може да ја употребат против вас. Но, во некои ситуации е навистина неопходно да возвратите.

tri-nachini-kako-da-ne-go-izgubite-umot-vo-toksichna-rabotna-sredina-02.jpg

Како да возвратите?

Иако е повеќе од јасно дека што и да направите, токсичните луѓе ќе продолжат со нападите и нема да размислат пред да ве навредат, обидете се само со кратки фрази како „Доста е“ или „Во ред, те чув“. Секако, одолејте на желбата да влезете во конфликт во кој ќе им изнакажете сè што се собирало. Тие нема да чекаат ниту минута да ве искодошат кај претпоставените и да ги свртат нештата во своја корист.

Вербалните напади веќе се момент кога поинтензивно треба да се посветите на наоѓањето нова работа или да побарате прераспределба на друго работно место.

Ако и потоа сакате барем малку да им вратите на оние кои ви го правеа животот пекол, можете да пробате со ментално малтретирање, но ова е веќе во зоната наречена „ако си во опасност, скрши го стаклото“.

Затоа, пред што били да направите, размислете на овие точки:

1. Проценете колкава моќ имате. Колку послични се позициите, полесно ќе го надминете проблемот. Но, ако се работи за претпоставен, може да биде и невозможно да се реши ситуацијата.

2. Имајте доказ за сè. Чувајте ги сите пораки, разговори или меилови со скокотлива содржина. Никогаш не знаете кога ќе треба да ги приложите како доказ.

3. Проценете дали имате солидарна група. Да влезете во војна против оние кои ве малтретираат е навистина смел чекор. Дознајте дали меѓу колегите има и други нивни жртви и дали се тие подготвени да преземат нешто.

Кога ќе бидете сигурни дека имате случај, тогаш е време да поднесете допис до одделот за човечки ресурси. Натаму, тие ја преземаат работата.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg