5 токсични верувања кои ви ја уништуваат кариерата

Личните убедувања се рефлектираат и врз меѓучовечките односи, врз личниот, но и врз професионалниот успех.

5-toksichni-veruvanja-koi-vi-ja-unishtuvaat-karierata-01.jpg

Проверете дали верувате во некој од исказите подолу и дознајте на кој начин тие можат да ви ја уништат кариерата.

1. Совршенство е исто што и успех

Сосема погрешно! Верувате во тоа дека е човечки да се греши? Всушност, не смеете да се плашите од погрешните постапки, бидејќи благодарение на нив учите и стекнувате искуство.

Ако совршенството е ваша цел, лесно можете да губите нерви и да се вознемирувате, а со тоа да го занемарите и она што веќе сте го постигнале.

2. Судбината е однапред одредена

Судбината, всушност, се наоѓа во вашите раце и кај вас лежи вината за неуспехот, како и одговорноста за успехот.

Секако ќе се случи да имате тешки периоди, но следниот пат животот ќе ви подели подобри карти. На вас е само правилно да го одиграте сето тоа.

5-toksichni-veruvanja-koi-vi-ja-unishtuvaat-karierata-03.jpg

3. Ги користите фразите „јас секогаш“ и „јас никогаш“

Во животот не постои ниту едно нешто што секогаш го правите или никогаш не го правите. Со овие зборови само си поставувате ограничувања.

Не подлегнувајте на таквите замки, бидејќи вие сте личност која е способна и има контрола врз себе.

4. Барате дозвола за сè од другите

Кога се работи за работните обврски добро е да се консултирате со колегите и претпоставените, но тоа не значи дека ви е потребна нивната афирмација за да бидете успешни.

Всушност, секој ве доживува субјективно, а вие самите сте мерило за својата вредност и како човек и како работник.

5. Минатото ја дефинира и иднината

Минатото оставете го таму кај што му е местото. Тоа имало значаен удел во вашата личност, а научената лекција употребете ја за да основате подобра иднина.

Никогаш немојте да се повикувате на минатото. Ако сте биле успешни некогаш, не значи дека такви ќе бидете доживотно „по дифолт“, ниту пак неуспехот од минатото ќе ве прави неуспешни и во иднина. Конците се во ваши раце, вие треба само да ги управувате правилно.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
6-те тајни на успехот (кои секоја амбициозна личност ги знае) Кои се тајните на успешните луѓе? Правило број 1: Успешните луѓе не веруваат во ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg