Дали краткотрајните ангажмани треба да влезат во вашето CV?

Добро составената кратка биографија ви отвора посигурни можности за саканото интервју. Како што и самото име кажува, таа биографија треба да остане кратка.

dali-kratkotrajnite-angazhmani-treba-da-vlezat-vo-vashata-kratka-biografija-01.jpg

Многу луѓе се нашле во ситуација да имаат краткотрајни професионални ангажмани од 1, 2 или 3 месеци кои би изгледале одлично во CV-то и би го направиле „посилно“.

Некогаш тие се поклопуваат и со редовната работа, а дефинитивно, за да можете да имате ефективно CV кое ќе му се допадне на потенцијалниот работодавец, треба да биде точно, уредно и прегледно.

Дали да се вклучат или испуштат краткотрајните ангажмани?

На ова прашање нема точен одговор „да“ или „не“. Во принцип, ако траел помалку од 6 месеци и не е релевантен за новото работно место, можете да го исклучите од кратката биографија.

Доколку пак, во тој краток период сте постигнале значајни резултати и сте стекнале важни вештини за својата работа и професионалност, треба да го нагласите тоа во CV-то.

dali-kratkotrajnite-angazhmani-treba-da-vlezat-vo-vashata-kratka-biografija-02.jpg

Доколку во даден момент сте работеле повеќе од една работа, временските периоди на ангажманите ќе се поклопат и многу експерти за човечки ресурси би го исфрлиле вашето CV како „напумпано“.

Поради тоа е важно да нагласите на каква работна позиција сте биле и кои ви биле ангажманите, дали се работи за хонорарна работа или пак за еднократен проект.

Ако сте квалификувани за повеќе работни позиции, имајте неколку верзии од кратката биографија, кои ќе бидат прилагодени токму на онаа работа за која аплицирате.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg