Шест нешта кои не му ги должите на вашиот шеф

Она што му го должите на својот шеф е максималниот напор што треба да го вложите за да ја извршите својата работна задача.

shest-neshta-koi-ne-gi-dolzhite-na-vashiot-shef-01.jpg

Но, неретко сме сведоци кога од вработените се бараат многу повеќе нешта, па дури и жртви, кои тие или не се во можност да ги исполнат, или пак, ако ги исполнат, губат.

Додека едни умеат да се дисконектираат од работата во моментот кога ќе влезат дома, други ја немаат таа среќа.

Здравите граници меѓу професионалниот и приватниот живот се повеќе од потребни. Сепак, шест нешта никогаш не ги должите на својот претпоставен:

1. Своето здравје

Ако сте постојано под стрес, лошо спиете, премалку се движите затоа што сте врзани за работното место, а другите се загрижени дека наликувате на зомби, време е нешто да промените.

Како работник, имате право на годишен одмор и на боледување, па затоа, користете ги. Земете боледување кога не се чувствувате добро. Користете го годишниот одмор. Во тоа време, целосно исклучете се од работата. Ќе надоместите кога ќе се вратите.

2. Своето семејство

Лесно е семејството да дојде во втор план кога е професионалниот развој во прашање. Поради работата на едниот од партнерите се распаднале врски и бракови, децата се лути, браќата и сестрите запоставени.

Затоа, смирете се малку и посветете им повеќе време. Со нив ќе го поминете целиот живот, па дури и деновите во пензија (ако дотогаш работниот стрес не ве убие - и физички и ментално).

3. Својот здрав разум

Сите имаме здрав разум и треба да се избориме да го задржиме по секоја цена. Ниту една работа не е толку вредна за да го изгубите здравиот разум поради неа.

На вас е да одлучите што ќе ве задржи ментално силни, но морате да го применувате. Не дозволувајте работата да ве полуди.

shest-neshta-koi-ne-gi-dolzhite-na-vashiot-shef-02.jpg

4. Својот идентитет

Иако работата е важен дел од вас, не смеете да дозволите да се идентификувате со неа. Вие сте нечие дете, нечиј пријател, нечиј брат или сестра, нечиј партнер... Имате многу нешта со кои можете да се идентификувате пред работата.

Да се има идентитет надвор од работното место значи и дека животот ви е забавен и дека имате како да се ослободувате од стресот стекнат на работа.

5. Своите контакти

Контактите кои сте ги стекнале за време на развојот на кариерата можат и понатаму да ви помагаат да бидете подобри - но, само вам! Не давајте ги „на тацна“ на своите претпоставени.

6. Својот интегритет

Жртвата на интегритетот значи и голем стрес. Кога ќе сфатите дека она што го правите и вредностите во кои верувате не се во склад, мора добро да размислите дали сакате да продолжите со таа работа. Мора јасно да кажете ако нешто е против вашите ставови и верувања. Добриот шеф ќе има разбирање, а лошиот, подобро и да го немате ако е тоа во прашање.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg