5 причини зошто треба да волонтирате

Што правите додека барате работа? Дали се чувствувате пасивнo, бескориснo, несигурнo или осамено? 

Eve zosto treba da volontirate 01

Доколку немате друга алтернатива обидете се да станете волонтер. Ова се неколку одлични причини зошто треба да волонтирате.

Волонтерството носи нови вештини и ги тестира старите

Нема сомнение дека веќе сте научиле многу, но волонтирањето може да ви донесе ново искуство. Тестирајте ги вашите знаења и вештини, во рамките на вашата професија, или пробајте нешто сосема ново.

Можете да научите да работите во програми или да дознаете што е потребно за да организирате настан. Во секој случај, ќе научите многу за правилата на деловниот свет.

Волонтерството ја зголемува самодовербата

Дури и ако сте сигурни дека не сакате да ја промените професијата, волонтирањето е одличен начин да излезете од зоната на комфорот. Ова е особено важно за срамежливите или интровертните личности.

Кога волонтирате морате да комуницирате и да решавате проблеми. Ќе научите како да остварувате телефонски повици, да организирате настани или да зборувате на странски јазици. Волонтирањето несомнено ќе ви овозможи да го пробиете мразот и да стекнете поголема самодоверба.

Eve zosto treba da volontirate 02

Со волонтерство добивате чувство на одговорност

Во рамките на овие институции вие сте одговорни исклучиво за вашиот сопствен успех. За време на волонтирањето, како и во вистинската работна средина, станувате дел од одреден тим.

Ги добивате своите задачи, а вашата работа има некакво влијание врз целиот проект.

Со волонтирање ја проширувате мрежата на контакти

Каде и да одлучите да волонтирате сигурно ќе запознаете нов круг на луѓе, а некој може и да ве препорача на одредено работно место. Во секој случај, проширувањето на мрежата на контактите е секогаш добро.

Eve zosto treba da volontirate 03

Бесплатни филмови, концерти или театарски претстави

Ако сте дел од филмски или театарски фестивал, во повеќето случаи можете бесплатно да ги гледате изведбите или проекциите, без оглед на цената, и тоа во друштво на оние кои се заинтересирани и за тоа. Покрај тоа, храната и пијалаците се бесплатни.

Не заборавајте на мини-обуки, сите други бенефиции и лично задоволство кое волонтирањето го носи со себе. Затоа, немојте да се колебате, истражувајте фестивали, тури, добротворни организации и саеми или можеби нешто сосема друго.

Eve zosto treba da volontirate 04

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg