8 здрави навики кои треба да ги усвоите ако долго седите на компјутер

8 часа работа седнати на столче пред компјутер, 5 дена во неделата, може значително да го промени целокупното здравје.

8-zdravi-naviki-koi-treba-da-gi-usvoite-ako-dolgo-sedite-na-kompjuter-01.jpg

Важно е да бидете свесни дека и покрај тоа што не можете да ја промените работата, може да ги промените останатите навики.

Мали промени кои треба да ги усвоите ако долго седите на работа:

1. Прошетајте до работа. Вклучете барем 30 минути пешачење пред или по работното време.

2. Користете го правилото 20/20/20. По константна работа 20 минути, направете пауза 20 секунди и гледајте во некој објект оддалечен 20 метри. На тој начин ќе ги опуштите мускулите.

3. Станувајте кога зборувате на телефон, шетајте низ канцеларијата или во околина.

4. Чувајте здрави грицки околу вашето работно биро.

5. Одвојте неколку минути во текот на денот за да направите темелно чистење и дезинфекција на работното место.

6. Секогаш имајте шишенце полно со вода на дофат на рака.

7. Практикувајте редовни масажи, на неделно или месечно ниво. На тој начин ќе ја избегнете напнатоста во пределот на рамениците, вратот и половината.

8. Минимизирајте ја употребата на електронски уреди по завршување на работното време, односно во вечерните часови.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg