Гратис карти - Career Days


Гратис карти - Career Days

dodeluvame-karti-za-denovi-na-kariera-povekjeОваа година по 15-ти пат во организација на AIESEC Скопје ќе се одржат јубилејните Денови на кариера. Целта на проектот е да овозможи...


...интеракција меѓу македонските студенти и компании од која би извлекле заедничка корист.

Деновите на кариера годинава ќе се одвиваат преку 4 настани во кои може да земе учество секој заинтересиран за пракса и вработување, за стекнување на нови знаења и искуства, за остварување професионални контакти со претставници од врвни македонски компании.

Од  08. – 10.04.2011 ќе се одржи Едукативниот семинар на Економскиот факултет каде ќе имате можност да стекнете знаења и споделите искуства со врвни професионалци кои ќе ви помогнат во вашата понатамошна кариера – (Како да составите CV и мотивационо писмо, вештини за преговарање, градење мрежа на контакти, управување со време и мотивација...).

Агендата за конференцијата можете да ја преземете овде: http://careerdays.org.mk/images/stories/agenda-edu11.pdf.  

Картите за едукативниот семинар чинат 500 денари и можете да ги купите во канцеларијата на AIESEC Скопје на Економски факултет најдоцна до четврток 07.04.2011 до 16.00 часот (најдолу е информацијата како да добиете гратис карти преку CRNOBELO.com).

На 11.04 и 12.04.2011 ќе се одржува саемот на компании, на платото меѓу ФЕИТ и МФС. Сите заинтересирани од техничките факултети ќе имаат можност да се сретнат со компаниите на кои им се потребни овој профил на вработени. Не заборавајте да понесете CV кое ќе го споделите со можеби вашиот потенцијален работодавач. Во подготовка е едукативен семинар и на техничките факултети за кој ќе бидете информирани навремено.

Од  13.04 - 15.04.2011 ќе се одржува традиционалниот саемски дел на компании на Скопски саем. Уникатниот аспект на оваа активност е директниот контакт со работодавците. За време на Денови на кариера ќе може да ги посетите штандовите на сите наши партнери, компании кои имаат потреба од нови вработувања. Сите кои ќе бидат дел од едукативниот семинар, добиваат бесплатен влез за саемскиот дел.

Генерален партнер на овогодинешните денови на кариера е VIP.

За учество на настанот пополнете ја апликацијата на веб страната www.careerdays.org.mk и обезбедете си карта што побргу! Денови на кариера е настан со традиција, настан каде многумина успешно го пронашле своето работно место. Ви гарантираме дека ќе научите многу, ќе стекнете нови контакти и ќе бидете комплетно подготвени за „ловење“ на работодавците!

Денови на Кариера на Фејсбук: http://www.facebook.com/pages/Career-Days-2011/159028970821783

CRNOBELO.com во соработка со AIESEC Скопје, доделува 5 карти за учество на Едукативниот семинар кој ќе се одржи од 08.04 до 10.04.2011 на Економски факултет.

Вашата задача е да ни испратите зошто би сакале да бидете дел од овогодинешните Денови на Кариера на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Најкреативните одговори ќе бидат наградени.

Добитници на гратис карти за Денови на Кариера:

  • Љупка Трајковска
  • Васка Чобанова
  • Тихо Нестороски
  • Даниела Мојсоска
  • Билјана Тодоровска

Би можело да ве интересира:

Крузерот Royal Caribbean нуди работа од соништата со плата 2.300 евра неделно Оваа работа од соништата ќе направи да посетите глечер на Алјаска, егзотични ост...
Изрази кои самоуверените личности не ги употребуваат Започнувајќи од начинот на облекување, накитот, па сè до фразите кои ги употреб...
4 лоши работни навики од кои треба да се ослободите пред 35-тата На 35-годишна возраст луѓето најчесто имаат околу 10 години работно искуство зад...